РУСКАТА АМБАСАДА СО РЕАКЦИЈА: Информацијата за состанок помеѓу Трамп и Путин е чиста глупост на Британците!

  • January 15, 2017

Амбасадата на Русија во Лондон го нарекла соопштението на британските медиуми за планираниот состанок помеѓу новоизбраниот претседател Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин во Рејкјавик „глупост“

tramp_put

„Тоа е бесмислица, обид на Британците да го подријат претседателствувањето на Донал Трамп, со што, очигледно тие ќе се занимаваат до крајот“, се наведува во соопштението на амбасадата.

Утрово, „Сандеј тајмс“ објави дека Доналд Трамп има намера да се сретне со Владмир Путин во Рејкјавик.

Подоцна портпаролот на новоизбраниот претседател, Шон Спајсер категорично ја демантираше оваа информација.

Претходно «
Следно »