РУСКОСКА :Ќе излеземе со првичните информации за бегcтвото на Груевски

  • December 22, 2018
  • Коментари

Во интервју за емисијата 360 степени на Алсат, обвинителката Вилма Русковска, првиот човек на Јавното обвинителство за гонење организиран Kриминал и коPупција, вели дека денеска ќе ги добијат снимките од камерите на граничните премини во Црна Гора, додека се уште се чекаат оние од Албанија. Сепак, имајќи предвид дека овие две земји веќе потврдија на кој начин Груевски ги минал границите на нивните земји, снимките само треба да го потврдат тоа.

Обвинителството според Русковска нема информации ниту како Груевски ја напуштил зградата каде што живеел.

Русковска вели дека меѓудругото, со постапката се истражува и одговорноста и пропустите на институциите кои се вклучени во овој случај.

-Лоцираме евентуална одговорност на институции, а паралелно со тоа се обидуваме да го дознаеме движењето на на Никола Груевски, пред и за време на бегството, вели Русковска.

На прашањето дали имаат индиции за одговорност или пропусти кај некоја институција за бегството, Русковска вели: Мислам дека кај дел има пропусти. но мислам дека се работи за ненамерни пропусти, вели Русковска, но не сакаше да прецизира за што се работи.

Јавното oбвинителство минатата недела најави дека во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава.

Според Русковска тие пред јавноста ќе излезат со првични информации односно што досега имаат

Претходно «
Следно »