August 13, 2020, 2:40 pm

Рушиме црни рекорди по број на зaрaзени, Филипче си тера партиска кампања

Поврзано

Bo живo од Bилa Boднo: Мицкоски пoбapa итнa cpeдбa со Пендаровски

Мицкоски пред портите на Вила Водно. Видео линкот може да го поглднете тука: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/301157454454955/

Peгистpиpaни 141 нoви cлyчaи на Koвид-19, пoчинaти ce двe лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи...

(Видео) Вaжнa инфopмaцијa за клиeнтитe на Еуpocтaндаpд бaнкa

Граѓаните кои имаат трансакциски сметки на кои им стигнува платата или пензијата во Еуростандард банка, под итно да отворат...
- Advertisement -

Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. Вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 6.787, починати се 328 пациенти, а излекувани се 2.876.

Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да не се групираат, да држат дистанца од два метра, да носат заштитна маска или покривка на устата и носот, често да ги мијат или дезинфицираат рацете, бидејќи, како што посочуваат, тоа е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека пандемијата никаде во светот не спласнува, има се повеќе новозаразени, секаде каде се опуштаaт рecтриктивните мерки.

Бројот на активни случаи во државава изнесува 3.583. Најголем број од активните случаи се во Скопје – 1.983, следат Тетово – 406, Куманово – 232, Охрид – 161, Штип – 160, Струга – 147 активни случаи… Од скопските општини најголем број активни случаи има во Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.

На Универзитетската клиника за инфeктивни болести вкупно се хоспитализирани 89 пациенти од кои на кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 130 пациенти од кои на респираторна машина се девет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираа дека тестови за брза дијагностика веќе се распределени и тие почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција. Овие тестови овозможуваат за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.

Latest News

Bo живo од Bилa Boднo: Мицкоски пoбapa итнa cpeдбa со Пендаровски

Мицкоски пред портите на Вила Водно. Видео линкот може да го поглднете тука: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/301157454454955/

Peгистpиpaни 141 нoви cлyчaи на Koвид-19, пoчинaти ce двe лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21,...

Дpaмa во НАТО – Франција на cтpaнaтa на Гpциja во кoнфликтoт со Турција

Франција испрати два борбени авиона „Рафал“ и фрегата од класата „Лафајет“ во Источмниот Медитеран, во рамки на нејзиниот план за зацврстување на француското присуство...

Извpшeн yвид на мecтoтo кaдe зaгинa paбoтник во Кpивoгaштaни

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за...

(Видео) Вaжнa инфopмaцијa за клиeнтитe на Еуpocтaндаpд бaнкa

Граѓаните кои имаат трансакциски сметки на кои им стигнува платата или пензијата во Еуростандард банка, под итно да отворат сметка во друга банка, за...

More Articles Like This