May 16, 2021, 10:01 am

Рakoт на дojkа може да се лекува без xeмотерапија, покажуваат најновите истражувања

Поврзано

- Advertisement -

Ракот на дојка може да се лекува без хемотерапија, покажува истражувањето на меѓународен тим научници спроведено на повеќе од 5.000 пациенти.

Скоро една од осум жени може да страдаат од рак на дојка во текот на својот живот, и тоа е главната причина за смрт кај жени со тумори, според Шпанското здружение за борба против ракот. Затоа, во оваа земја се посветува големо внимание на научните истражувања поврзани со третманот на рак на дојка, па истражувањето „Air-X Ponder“ е спроведено во 21 шпански болници.

Д-р Бегоња Бермехо, член на истражувачкиот тим кој се занимава со рак на дојка на Универзитетската клиника во Валенсија, каде, меѓу другото, беше спроведено ова истражување, вели дека неговите резултати покажуваат дека хемотерапијата не мора да се применува кај жени во менопауза кои страдаат од хормонални (HR) позитивни карциноми или HER 2 негативни карциноми.

Научниците објаснуваат дека ваквиот пристап ќе им го олесни третманот на пациентите , бидејќи тие ќе ги избегнат негативните ефекти од хемотерапијата.

„Според резултатите од истражувањето, исклучувањето на хемотерапијата кај оваа група на пациенти, кај кои третина имале заболени лимфни јазли, не ја влошува прогнозата. Затоа, хемотерапијата не мора да се применува на таа група на пациенти “, вели д-р Емилио Алба, раководител на одделот за онкологија на Универзитетската болница во Малага, пренесува Спутник мундо.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 5.000 жени кои страдаат од овие два вида на рак на дојка, кои воедно се и најчести подвидови кои ги погодуваат пациентите.

Стандардниот третман, кој се користи веќе три децении, е хемотерапија со хормонална терапија, а третманот може да трае со години. Научниците сега тврдат дека кај некои пациенти може да се даде само хормонска терапија, ако тоа се потврди со генски тест кој дава одговори за веројатноста за повторување на карциномот и за тоа колку би била успешна хемотерапијата

Latest News

На инфekтивнитe oддeлeниja вo Македонија oд кopoнaвиpyc вo мoмeнтoв ce лekyвaaт 514 пaциeнти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти...

More Articles Like This