САД БОМБАРДИРА ЦИВИЛИ СО Б-52 БОМБАРДЕР: Убиени преку 20 цивили во воздушен напад во Сирија!

  • January 10, 2017

Повеќе од 20 цивили се убиени во бомбардирање спроведено од американските воздушни сили, кои со стратешкиот бомбардер Б-52 спроведувале акција во провинцијата Идлиб во Сирија на 3. јануари, изјавил Шефот на Рускиот Генералштаб Валериј Герасимов

b-52
Герасимов ја критикувал западната коалиција во Сирија поради неуспехот да постигнат „значајни резултати“ додавајќи дека „во исто време, има значителен број на жртви меѓу цивилното население и владините сили“.

„Како што знаеме, во септември минатата година, авијацијата на САД спроведе воздушен напад во Деир-ез-Зор во кој мета на нападот беше Сириската армија. По овој напад, ИСИС ја започна својата офанзива“, рекол Герасимов.

„Последниот пример за ваква акција е воздушниот напад на 3.јануари, кога бомбардер Б-52 – без предупредување до Руската страна – погодил цел во градот Сармада, Идлиб, кој е покриен со договорот за примирје. Преку 20 цивили се убиени како резултат на нападот“.

Герасимов не додал дополнителни детали.

Претходно «
Следно »