САД нaпpaвиja yштe eднa пoлитичкa гpeшka

Русија е разочарана од одлуката на САД да не се приклучат на Договорот за отворено небо, иако тој потег беше очекуван, рече Сергеј Рбајков.

„Соединетите држави направија уште една политичка грешка, нанесувајќи му нов удар на европскиот безбедносен систем“, го цитира руската агенција Тасс рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Соединетите држави вчера ја известија Русија дека нема повторно да се приклучат на Договорот за отворено небо, кој дозволува летови за набљудување, во кои се користат невооружени авиони, над државните членки.