December 3, 2020, 9:01 pm

САД: “Нoќтa нa вeштepкитe” вo ycлoви нa пaндeмиja на Koвид-19

Поврзано

Научниците откриле како да се препознае лицето што ќе има тeшки симптoми на koрона

При тешкиот тек на болеста ковид-19, често е погрешната реакција на телото на воспаление. Воспалението влијае на белите дробови,...

Бројките никако да стивнат: Зapaзени 1342 , починaлe 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи...

Филипче утре на средба со Координативното тело за вакцини за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС...
- Advertisement -

Како и претходните години, Американците планираат утре вечер да ја прослават Ноќта на вештерките, и покрај пандемијата на новиот коронавирус.

Според американската Национална федерација за малопродажба (НФМ), повеќе од 148 милиони возрасни Американци планираат да учествуваат во активностите кои се поврзуваат со овој празник.

Вкупно 53 отсто од Американците планираат да ги украсат своите домови, 46 проценти да декорираат тиква, а 18 отсто ќе го маскираат своето домашно милениче.

– Потрошувачите и понатаму им даваат значење на прославите на нашите традиционални празници, дури и според нетрадиционални стандарди. Трговците се подготвени да одговорат на зголемената побарувачка за сезонско декорирање, костими и останати предмети, истакна претседателот и генерален директор на НФМ, Метју Шеј.

Над три четвртини од луѓето велат дека коронавирусот влијае врз нивните планови за Ноќта на вештерките. Организирањето забави, познатото барање и делење слатки од врата на врата и посетите на проколнатите куќи, нема да се случат главно поради фактот што некои активности не можат да се придржуваат на мерката за физичко дистанцирање. Интересно е што 17 отсто од Американците планираат да го прослават празникот виртуелно, наведува НФМ.

Се очекува оваа година потрошувачката за Ноќта на вештерките да достигне 8,05 милијарди долари, што е помалку од минатата година кога изнесуваше 8,78 милијарди. Иако е прогнозиран пад на вкупно ниво, сепак индивидуалната потрошувачка ќе се зголеми.

Во 2019 година оние кои се подготвувале за Ноќта на вештерките во просек трошеле по 86,27 долари, но се предвидува оваа година просечната потрошувачка по лице да изнесува 92,12 долари. Тоа е највисока сума откако НФМ ги бележи трендовите на пазарот на тоа поле. Потрошувачите и понатаму прават се што е во нивна моќ за да го одбележат овој ден, трошејќи малку повеќе за домашна декорација, слатки и честитки.

Пандемијата на Ковид-19 се одрази и врз начинот на пазарање, односно 30 отсто од луѓето планираат нарачките за Ноќта на вештерките да ги извршат онлајн, додека минатата година тоа го направиле 25 отсто од нив.

Latest News

Научниците откриле како да се препознае лицето што ќе има тeшки симптoми на koрона

При тешкиот тек на болеста ковид-19, често е погрешната реакција на телото на воспаление. Воспалението влијае на белите дробови,...

Наместо инвестиции на полигонот Криволак ни носат 110 тони гpaнати за yништyвaње

Граѓаните на Општина Неготино, особено жителите на Криволак и Пепелиште, загрижени за своето здравје реагираат на најавата за уништување на 110 тони гранатите на...

„Прашањето ми е следно“: Boнpeдно издание во 21:00 со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Вечерва ексклузивно на Фејсбук страницата на Инфомакс во 21:00 часот започнува новата емисија „Прашањето ми е следно“, емисијата ќе се емитува секоја среда, но...

Дeмaнт од Bлaдaтa дека историските читанки ќе се менуваат по желба на Бугарија

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира написот објавен на вашиот портал со наслов „Заев потврди: Промена на историјата на Македонија во учeбниците...

Во ек на најголемата kpиза: Буџетот за 2021 година се сведува на pacфрлање на пари за нeпpoдуктивни цели

Во Буџетот за 2021 година воопшто не гледам дека има некаде во некоја ставка предвидено пакети за следната година. Многу е битно во делот...

More Articles Like This