САД СЕ НАОЃА ПРЕД НОВА ГРАЃАНСКА ВОЈНА: Барак Обама разработува сценарио во кое тој нема да ја напушти Белата Куќа и бара поддршка од сојузниците во Европа!

  • November 19, 2016

По катастрофалниот пораз на Хилари Клинтон на претседателските избори во САД, Џорџ Сорс и уште неколку влијателни донатори се собраа во Вашингтон со цел правење на стратегија за отпор против „Новиот Трампов режим“
sad_civilna-vojna

Цитирајќи документи објавено од Политико.ком, американскиот автор и новинар Кенет П. Вогел, повика на внимание во врска со фактот дека состанокот бил спонзориран од влијателни донатори од Демократската алијанса на кој биле собрани „лидерите на најсилните синдикални и либерални групи, како и пулените на левицата како лидерот на Демократите во Конгресот Ненси Пелоси, Сенаторот Елизабет Ворен и ко-претседавачот Кит Елисон“. Според новинарот, на конференцијата која следеше по „шокантната победа“ на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, се зборувало за разработка на план за отпор на економските и политичките промени кои треба да ги спроведе новиот американски претседател. Со други зборови „либералите планираат отворена рововска битка против Трамп од првиот ден“, вели Вогел.

Новинарот ја цитирал Гара ЛаМарш, претседателка на Демократската Алијанса (организатор на конференцијата на левичарите), потенцирајќи дека „ќе преземеме чекори кои ќе бидат отпор на нападите против нас, и ќе ја земеме назад нашата моќ, почнувајќи низ сојузните држави до 2017 и 2018“.

Коментирајќи на темата, новинарот и геополитички аналитичар Мартин Бергер смета дека Џорџ Сорос ќе ја завземе главната улога во војната против Трамп.

„На пример, една од групите позади насилните анти-Трамп протести МувОн.орг е финансирана од Сорос“ – вели Бергер.

Во меѓувреме во неодамнешното интервју за Спутник, Вили Вимер екс-државен секретар во Германското министерство за одрана го привлече вниманието со изјавата во врска со средбата на Обама и Меркел. Тој вели дека воениот естаблишмент во САД кој досега ја поддржуваше Хилари Клинтон, бара начин како да го спречат Трамп во водењето на неговата надворешна политика.

Според Вимер, поразот на Хилари Клинтон во САД има ефект и врз шансите за реизбор на Ангела Меркел во Германија, како „штит“ против Доналд Трамп во Европа.
„Досега Меркел ја имаше улогата на последен борец на отпорот против новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп“ – вели Вимер и додава дека „се соочуваме со еден вид на колективна меѓународна политика, која ја водат Демократите заедно со воениот естаблишмент против Републиканците во Вашингтон. Затоа пред Меркел стои една понуда за нејзината улога во борбата проти Трамп, останува да видиме дали таа сака да ја одигра таа улога“ вели Вимер.

„Ако јас седев во Вашингтон најверојатно ќе си мислев дека некој заговор се готви против мене“ – вели Германскиот политичар.

Македонскиот новинар Миленко Неделковски за време на посетата на Русија каде што е повикан на меѓународна конфернеција на која се зборува токму за изборот на Доналд Трамп, преку својот ФБ профил информираше дека во игра е и уште едно пострашно сценарио.

Претходно «
Следно »