САД СЕ ПОТСЕЌА НА КОБНИОТ 11ТИ СЕПТЕМВРИ: Комеморација и поезија во чест на настраданите

  • September 11, 2018
  • Коментари

Американците го одбележуваат 9/11 , волонтерски проекти, топли пораки, спомени на загинатите и нов споменик на жртвите, по една година кога два напади ја демонстрираа трајната закана од тероризам во најголемиот град во државата.

Илјадници жртви на 9/11 жртви, преживеани, спасувачи и други се очекува на церемонијата на одбележување денес на местото каде некогаш беше Светскиот трговски центар да се соберат, додека претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс ќе се упатат кон двете други места каде што киднапираните авиони се урнаа на 11 септември , 2001 година, во најкрвавиот терористички напад на американска почва.

Претседателот и прва дама, Меланија Трамп планираат да се приклучат на одбележувањето на споменикот на 11 септември во областа во близина на Шенксвил, Пенсилванија, каде што во саботата беше поствен новиот споменик во чест на настраданите “Кула на гласовите”. Пенс ќе присуствува на церемонијата во Пентагон. Трамп, републиканец и роден Њујоркер, на минатогодишното одбележување издаде строго предупредување до екстремистите дека “Америка не може да се заплаши”.

Речиси 3.000 луѓе загинаа во нападите на 11 септември, кога меѓународниот тероризам и го зададе ударот на Америка на начин што претходно САД не ни можеше да замисли ниту претпостави. 11 Септември сè уште ја обликува американската политика,  секојдневните искуства и протоколи на места како аеродромите па се до деловните зградите, дури и по 17 години сеуште се чуствува во јавна свест и предрасудите на Америка.

Комеморациите за 9/11 се добро познати ритуали, наменети за читање на имињата на мртвите. Но секоја година на граунд зиро, роднините на жртвите ја збогатуваат церемонијата со лични пораки на сеќавање, загриженост и инспирација.

Неколку часови по церемонијата, два моќни светлосни зраци ќе се издигнат на ноќното небо од понискиот Менхетен во чест на некогашните највисоки згради близначки.

Претходно «
Следно »