САД ЌЕ ОДГОВАРА ПРЕД СУДОТ ВО ХАГ: Официјален Техеран поднесе тужба во Хаг против САД

  • June 25, 2018

Техеран поднесе жалба до Меѓународниот суд на правдата во Хаг заради затворање на имотот на Централна банка на Иран во САД, соопшти претставник на иранското министерство за надворешни работи Бахрем Касеми.

Касеми изјави дека првото рочиште на судот по овој повод ќе биде одржано на 8 или 12 октомври, пренесува телевизијата НТВ.

Да се потсетиме, дека Министерството за финансии на САД по објавувањето за напуштање на нуклеарниот договор со Иран од страна на САД, на листата со санкции ги вклучи шефот на Централната банка и голем број на други официјални лица кои, наводно, даваат поддршка на Исламската револуција гарда. Имотот на лицата под санкции ќе биде замрзнат во САД.

Сепак, треба да се напомене дека САД не ја признава надлежноста на Хашкиот трибунал.

Претходно «
Следно »