November 30, 2021, 9:48 pm

САД ce зaгpижeни пopaди вoeнитe cпocoбнocти нa Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД изразија загриженост поради развојот на системи за оружје од страна на Кина, откако Пекинг пријави дека тестирал хиперсонична ракета, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за време не брифинг, одби да го коментира лансирањето на проектилот.

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, претходно изјави дека Вашингтон внимателно го следи развојот на кинеските системи за напредни оружја, но не ги коментираше извештаите дека Пекинг тестирал хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава.

Кинеското министерство за надворешни работи го демантираше извештајот на „Фајненшл тајмс“, во кој се наведува дека Пекинг лансирал хиперсонично оружје во јули.

Пекинг изјави дека станува збор за вселенско летало, а не проектил.

Latest News

(Видео) Нов гаф на Бајден, никако да го погоди името на новиот сој на коронавирусот

Американскиот претседател Џо Бајден на заедничката прес-конференција со советникот за здравство во Белата куќа, Др. Ентони Фаучи, повторно изненади,...

More Articles Like This