САЛВИНИ ПPEСЕЧЕ: Нема да дозволи мигpaнти да се истовараат во Италија

  • July 27, 2019

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави денеска дека нема да дозволи 140 мигpанти да слезат од бродот на италијанската крајбрежна стража се додека Европа не се согласи да ги прими.

На многумина од мигpaнтите кои се приклучија денеска на бродот на крајбрежната стража минатата ноќ им помогнал еден рибарски брод од Сицилија, чиј екипаж им дал вода и храна и ја повикал крајбрежната стража.

Салвини рече дека ниту едно пристаниште нема да биде одредено за истоварување мигpaнти, додека другите европски земји не се согласат да ги примат.

Тој бара и останатите земји на Европската унија да ги поделат трошоците и логистиката за превоз на мигpaнтите, кои најчесто доаѓаат од Либија.

Голем број од луѓето кои доаѓаат преку Медитеранот се економски мигpaнти од Африка и Азија кои немаат право на aзил.

Претходно «
Следно »