Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка

Поврзано

ЈСП СО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од утре нема да важи бесплатниот јавен превоз за возрасни лица

ЈСП Скопје информира дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни...

МВР: 585 прекршувања на мерките за заштита од пандемијата за едно деноноќие

Министерството за внатрешни работи во континутитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување...

МАКЕДОНИЈА ВРАТЕНА НА ЦРНАТА ЛИСТА: Црна Гора повторно зaбрани влез на македонски државјани во земјата

Црногорскиот Институт за јавно здравје го ажурираше списокот на земји со активна стапка на случаи на ковид-19 на помалку...

Сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон од денеска ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување дете во јавна градинка, информира Министерството за труд и социјална политика.

Тоа, како што појаснуваат, е овозможено со измени на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитување, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца, што се објавени денеска во Службен весник на РМ.

– Во членот 3 од Правилникот е предвидено дека „Правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната  плата утврдена со  закон, соопшти МТСП.

За остварување на правото на партиципација јавните градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови треба да поднесат барање со потребната докуменетација наведена  во Правилникот, до јавната установа за деца во која престојува односно е згрижено детето.

Во соопштението од МТСП се посочува дека ресорната министерка Мила Царовска ги донела измените согласно заложбите за поддршка на самохраните родители содржани во Програмата за работа на Владата.

Правилникот е објавен и на веб страната на МТСП

Актуелно

(Видео)СО ЦИСТЕРНА ВЛЕТА МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Инцидент на протестот во Минеаполис, САД – возач на цистерна влета во толпата демонстранти

Возач на цистерна со својот камион влета во толпа демонстранти кои протестираат во Минеаполис, САД. Инцидентот се случил на...

(Во живо)ТЕНЗИИ, СОЛЗАВЦИ И ШОК БОМБИ ВО ВАШИНГТОН: Демонстрантите се судрија со полицијата на пат кон Белата Куќа

Растат тензиите во САД откако група демонстранти се собраа пред Белата Куќа во американската претстолнина Вашингтон, во рамки на протестот за Џорџ Флојд -...

ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири, Заев во кафана со цела камарила

Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев реши да се качи на...

РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 24 CЛУЧAИ НА ЗAРAЗEНИ ВО СКОПЈЕ: Еве во кои општини се нoвoзaбoлeнитe

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. По општини: Бутел – 6, Чаир – 11, Гази Баба – 1, Карпош –...

(ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт крст кој е нaциcтички cимбoл?

Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ. Според...

Повеќе вести