САМО ВИЛМА ИМА ВНУК КОЈ НЕ И Е РОДНИНА: Русковска си го вработува внукот во ОЈО Скопје, Антикорупциска не гледа судир на интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не може да си добар вулканизер, ако самиот ги бушиш гумите на муштериите за да си отвориш работа. По оваа логика и шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција не може да гони, ако самата ги прекршува законите кои таа треба да ги одбрани

Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција не успеала да одолее на можноста која, благодарение на моментот, и се отворила, па нејзината позиција ја искористила да си го вработи нејзиниот внук како обвинител во Основното Јавно обвинителство Скопје.

За да се покрие од евентуални законски последици за оваа постапка, Русковска побарала и официјално мислење од Антикорупциската комисија која еднакво скандалозно донела мислење дека внук не е роднина. Ова особено е проблематично ако знаеме дека со ваквата одлука Антикорупциската комисија е контрадикторна сама на себе.

Имено, во самиот образец на ДКСК за пријавување на ангажман на блиски лица во објаснувањето на образецот јасно е посочено дека внуци се „блиски роднини“.

Дотолку повеќе, Антикорупциската комисија минатата година го казни првиот човек на Советот на Јавни обвинители Коле Штерјев со глоба од 500 евра и прекршочна постапка бидејќи гласал воздржано на седницата на која неговата внука Марија Ѓорѓиева требало да се вработи во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од Антикорупциската комисија за „Инфомакс“ велат дека мислењето кое го дале во предметот на Вилма Русковска е условено, односно, доколку се задржи актуелната состојба во која Вилма Русковска како именувана за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција не се врати на работа во ОЈО Скопје како обвинител, тогаш немало да има судир на интереси при вработувањето на нејзиниот внук кој во моментов работи како обвинител во ОЈО Куманово.

Ваквата одлука ја коментираше и екс-министерот за правда и бивш прв човек на Антикорупциската комисија Михајло Маневски кој за „Инфомакс“ вели дека ДКСК ги прекршила процедурите.

„Антикорупциска комисија не ги земала во предвид сите елементи за да завземе такво становиште да одобри префрлање на внукот на Русковска во ОЈО Скопје од ОЈО Куманово.“ – вели Маневски за „Инфомакс“, и додава дека ова треба да го цени Совет на Јавни обвинители – „од каде сега Антикорупциска стручњаци за јавни обвинители, тоа не е нивна работа, јасен е законот“.

За да биде поубедлива во прикривањето на непотизмот, Вилма Русковска дури и приложила нотарски заверена изјава пред ДКСК во која се откажува од нејзиното работно место во ОЈО Скопје кое во моментот е ставено во мирување поради нејзината именувана функција како шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Нотарски заверена изјава е јавна исправа, а поради јавниот интерес истата и ја објавуваме.

Одговори за овој скандал во најава се обидовме да добиеме и од првиот човек на Државното обвинителство Љубомир Јовевски, кој и по неколку наши обиди да го добиеме на неговиот телефон, и по испратена СМС порака одлучи да остане нем на нашите прашања.

Одговори баравме и од Советот за јавни обвинители од каде пак ја спуштија слушалката без да го слушнат прашањето.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This