Само во Вардар Србин и Хрват може да се сакаат: Горд сум на него, ти благодарам Игор

  • June 5, 2019

Вардар е големо семејство. Токму поврзаноста меѓу играчите, таа тимска хемија ги прави единствени, им го отвара патот кон височините. Секој кој ќе дојде во таборот на македонскиот првак го менува менталитетот, своите навики, сите стануваат едно.

Кристијан Дисингер се претвори во Македонец, а додека Игор Карачиќ и Дејан Милосављев по којзнае кој пат покажаа дека Хрват и Србин може да функционираат заедно, да се сакаат и почитуваат.

„Овој човек на стартот на сезоната пред дуелот со Монпелје против кого му реков дека ќе бидам најдобар ми порача дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Тој човек сега е МВП. Со неговите совети постојано ме држеше цврсто на земја, иако имаше моменти кога младиот играч сака по свое…Затоа сум горд на него и сето она што го направи за мене оваа сезона. Ти благодарам Игоре“, рече Милосављев

Веќе по 100 пат ги прегледуваме видео-записите, сигурно кај сите чувството е исто, не лазат морници…Ги „листаме“ сите фотографии и одново доаѓање до една вистина. Вардар обединува. Не се паметиме кога последен пат еден Хрват излегол со македонско знаме. Добро знаеме дека Хрватите ја признаваат само својата земја, своето знаме, својата химна…Но, сето ова се промени и тоа благодарение на европскиот првак.

За време на прославата во Скопје, Игор Карачиќ одлучи да се обвие во македонското знаме како благодарност за сите оние седум години кои ги мина во Вардар, за сета онаа поддршка која ја добиваше од фановите, за сите оние радосни мигови кои ги доживеа благодарение на овој Вардар.

И тука не застануваме. Калифа Гедбан, само по една сезона се почувствува како Македонец, и тој како Карачиќ излезе со нашето знаме.

За време на прославата, Русите, Хрватите..гордо стоеја за време на химната, секој од нив се обидуваше да отпее по некој стих.

Овие момци многу лесно можеш да ги засакаш, треба само да дојдеш во сала, нивната борбеност, искреност, храброст, ти го полни срцето, на момент забораваш на сите проблеми, секоја нивна победа те вивнува во небо.

Овој Вардар е магичен…

Извор: Спорт медиа

Претходно «
Следно »