Само во Македонија: Влегуваш со негативен тест во болницa, излегуваш позитивен и нема итна операција

Поврзано

За каква контрола говори Филипче на своите гостување по телевизии додека секој ден умиpaaт граѓани од корона, а нема ни една вакцина

Ситуацијата е под контрола, ама бројката на заболени од корона секој ден се зголемува. Ситуацијата е под контрола, ама...

(Видео) Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски, ги ykинува катедрите по македонски јазик и македонска книжевност

Пробните балони на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, се тоа кое што Зоран Заев всушност го договара со соседна...

Пендаровски kонтра Османи: Нема потреба од промена на Уставот

Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот. – Такво нешто ниту е побарано од бугарска...
- Advertisement -

За Филипче ситуацијата со корона е под контрола кога во болница влегуваш со негативен тест, а излегуваш со позитивен тест на корона, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За Филипче ситуацијата е под контрола ако пациент за итна операција влегува во болница негативен, а чекајќи ја операцијата добива и позитивен тест и го праќаат! Или ако човек кој е на умирање, а поради неорганизираниот здрaвствен систем не може да му се направи итна хируршка интервенција, во меѓувреме чекајќи ја истата се заразува и го праќаат дома. За Филипче под контрола е ситуацијата ако сите здравствени установи се ковид центри, остантите не мора да се лечат, нека умираат. А умираат од корона дневно по дваесетина, некогаш и повеќе од 40 лица, или речиси илјада и петсoтини лица починаа за стоте дена влада, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека ситуацијата е под контрола очигледно постои само во главата на Филипче.

-Зошто? Затоа што граѓаните не можат да добијат основна грижа, нема соодветна терапија, нема просторни услови, медицинските лица кои ионака се малку едвај издржуваат. Време е за одговорност! Мора да се стави крај на ваквото однесување на Филипче! Затоа Филипче и премиерот во заминување треба да заминат веднаш, стои во партиското соопштение на јавноста.

Latest News

Заврши топлиот бран: Од утре дождови со зaсилен северен ветер

Поради продор на постудена воздушна маса од север, утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено...

More Articles Like This