November 30, 2021, 11:33 pm

Само во Северна: Еден човек, две општини – Оровчанец и советник во Карпош и кандидат во Кисела Вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Режисерот Димитар Оровчанец е советник во Општина Карпош од редовите на Нова Алтернатива, коалициски партнер на СДСМ. Воедно, Димитар Оровчанец е кандидат за советник за Општина Кисела Вода од редовите на СДСМ. Завчера Оровчанец учествувал во работата на Советот на Карпош и гласал, а исто така, Оровчанец имал партиски активности во Кисела Вода како кандидат за советник во таа општина. Како е тоа можно, пишува МКД. мк.

Од тоа што го прочитавме во Изборниот законик, Оровчанец како кандидат на изборите за советник го исполнува условот да е жител на Град Скопје, како и условите да е полнолетен (има 43 години, н.з.), деловно способен и државјанин на Македонија.

Истите услови ги исполнил кога станал советник во Карпош.

Но има и уште еден битен услов, покрај другите наведени, Оровчанец треба да е жител на општината во која се кандидирал, односно треба да е жител на Кисела Вода.

Истиот услов на Оровчанец, ако е истиот човек, му е потребен за да биде во моментов советник во Општина Карпош, односно, законот вели дека треба да е жител на Карпош.

Прашањето е сега, дали е Оровчанец жител на Кисела Вода? Ако е, тогаш е легитимен кандидат за советник.

Извор: МКД.мк

Latest News

Груби: Што и да ми каже Али Ахмети, јас тоа го правам

Артан Груби, првиот вицепремиер, во вечерашното гостување во Алсат, зборувајќи за кадровските прашања и министерствата што ќе ги преземе...

More Articles Like This