September 19, 2020, 4:59 pm

Само во јули пoчинaлe 191 граѓанин од Koвид 19

Поврзано

За сите родители и ученици: Ова протоколот за следење на наставата

Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон...

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, има зголемено просуство на полиција. Се вршат патроли,...

Дали Јанкулоска ќе бара одложување на затворот за да се грижи за детето?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која Врховниот суд и ја потврди затворската казна од четири години...
- Advertisement -

Со втора најцрна корона статистика во Европа Македонија влегува во втората половина од летото. Четирите нови смртни случаи вчера ја ставија земјава на второто место во Европа според бројот на починати на еден милион жители.

На врвот е Босна и Херцеговина каде вчера се регистрирани 420 нови случаи и дури 13 починати.

И додека останатите земји во Европа се чини дека ситуацијата полека ја ставаат под контрола, земјите од Балканот и натаму се соочуваат со високи бројки. Србија вчера регистрираше 8 смртни случаи, Албанија 5 а Хрватска 4.

Од почетокот на кризата во Македонија се регистрирани над 11.000 случаи позитивни на корона вирусот од спроведени над 105 илјади тестови што значи дека речиси секој десетти спроведен тест бил позитивен. Заклучно со вчера, статистиката на Министерството за здравство запишала 497 починати лица што пак значи дека секој 22ри позитивен случај завршил со смрт. Над 38 проценти од смртните случаи се регистрирани минатиот месец кога за 31 ден починало дури 191 лице или во просек, во јули секој ден како последица од корона вирусот умирале по нешто повеќе од 6 пациенти.

Во моментов како активни се водат 3626 случаи од кои половината или 1803 се во главниот град, 463 има во Штип, 291 во Куманово и 251 во Тетово.

Инаку полицијата информираше дека во текот на вчерашниот празничен ден, полициските службеници напишале вкупно 359 казни за неносење на заштитни маски.

Latest News

За сите родители и ученици: Ова протоколот за следење на наставата

Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон...

140 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Во последните 24 часа се регистрирани 140 нови случаи на ковид-19 од направени 1.397 тестирања, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се...

Предлог до Владата: Лекар во секое училиште

Пред учениците да седнат во училишните клупи, секоја образовна установа да вработи медицинска сестра. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари со иницијатива до надлежните...

Спасовски: СДСМ е партијата која се води од заложбите за целосна рамноправност меѓу мажите и жените

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска учествуваше на Летната школа за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ и Прогрес Институтот. Во...

Дали така ќе биде и со kopoната: Се поголем број на луѓе се имуни на CAPC

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат...

More Articles Like This