САМО ШТО НЕ ЗАПЛAKA: Бидете наши херои, подготвени сме да почнеме преговори

  • October 16, 2019

Македонскиот премиер Зоран Заев на заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, изјави дека македонскиот народ е во големо исчекување. Tој додаде дека сега и веднаш ни треба одлука за почнување на преговори.

Да не дозволиме да ни ги изгаснат светлечките ѕвезди. Политички и институционално сме подготвени да ги почнеме преговорите, рече тој.

Заев вели дека ако не ја добиеме заслужената позитивна одлука, ќе следи големо разочарување.

Бидете наши херои. херои. Европскиот пат е наш единствен пат. Еве го октомври. Дојдовме во Брисел и ја очекуваме заслужената вест за одлука за да почнеме преговори за нашата стратешка цел, членството на Северна Македонија во Европската Унија. Пристапивме искрено и чесно, разбираме и прифаќаме дека одделни членки на Европската Унија имаат потреба да ја отворат и заокружат дебатата за новата методологија за преговори. И ние сме за тоа. Сепак, сигурни сме дека и двата процеси можат и мора да одат паралелно. Методологијата може да се развие и спроведе, и тоа никако не пречи Северна Македонија да добие позитивна одлука сега и веднаш, за да ги започнеме преговорите за пристапување со ЕУ. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш, се обрати Заев до европските лидери.

До народот порача дека од ова искуство ќе излеземе посилни и поискусни.

Претходно «
Следно »