,,САНДЕЈ ТАЈМС“ : Трамп сака да се сретне со Путин во Рејкјавик

  • January 15, 2017

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би сакал да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во исландскиот главен град Рејкјавик, само неколку недели по официјалното преземање на претседателската функција на 20 јануари, објави во денешниот број лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“.

download

Весникот се повикува на неименувани извори во преодниот тим на Трамп, кои наводно изјавиле дека идниот американски претседател би сакал да се сретне со Трамп во Рејкјавик, по примерот на историската средба од октомври 1986 година меѓу тогашниот претседател на САД, Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.

„Сандеј Тајмс“ наведува дека за ваквата евентална средба веќе биле воспставени дипломатски контакти и дека Москва изразила подготвеност да ја прифати поканата за разговори меѓу Трамп и Путин.

На информацијата на лондонскиот весник, реагираше преодниот тим на Трамп, кој ваквите тврдења ги отфрли како невистинити и ги оцени како „стопроцентна лага“.

Исландскиот весник „Моргунбладид“ пак објави дека властите на Исланд досега не добиле никакво официјално барање за одржување на средба меѓу Трамп и Путин во Рејкјавик.

– Доколку добиеме такво барање, Исланд е подготвен да го даде својот придонес во подобрувањето на односите меѓу Вашингтон и Моксва, исто како што направи во 1986 година, ијзавил исландскиот министер за надворешни работи Гудлаугур Тор Тордарсон за „Моргунбладид“.

Претходно «
Следно »