САНДРА БУЛОК СЕ ОМАЖИ ПО ВТОР ПАТ: Овојпат тајно и далеку од очите на јавноста!

  • February 12, 2019

Четиригодишната врска со моделот и фотоград Брајан Рендал ја крунисаа со брак.

Магазинот Life&Style пишува дека славната актерка Сандра Булок се омажила во тајност. Холивудската актерка е во врска со моделот и фотограф Брајан Рендал, а врската со него наводно ја крунисале со брак. Неименуван извор за овој магазин вели:
Имаа тајна церемонија, само тие двајца и нивните две посвоени деца. Немаше некоја прослава со деверуши и планери на венчавки. Така Сандра сакаше, едноставна церемонија со луѓето кои и се важни, Брајан, нејзината ќерка Лајла и синот Луис“

Актерката не сакаше да се зборува за венчавката во јавност и нема да носи венчален прстен затоа што не сака луѓето да прават компарација на новиот брак со стариот. Имено, Сандра беше мажена за Џеси Џејмс, кој ја изневеруваше по што актерката го остави.
Сандра го запозна Брајан кога дошол како фотограф да ги забележи моментите на 5-тиот роденден на Луис. Заедно се веќе четири години.

Претходно «
Следно »