САНДРА БУЛОК ЌЕ ЈА ГЛУМИ ЈЕЛЕНА: Холивуд ќе снима филм за убиената пејачка

  • October 24, 2016

Филмот ќе ги следи агентите на ФБИ кои ќе дојдат да им помогнат на српските колеги да го решат убиството

Во Холивуд следната година ќе почне снимање на филм инспириран од убиството на српската пејачка Јелена Марајановиќ. Ова убиство кое е едно од најголемите мистерии во поновата историја на Србија ги заинтересира продуцентите да направат филм.

Во овој трилер во улогата на Јелена би требало да се најде Сандра Булок или Кира Најтли.

– Филмот ќе ги следи агентите на ФБИ кои ќе дојдат да им помогнат на српските колеги да го решат убиството.Моментално се работи на сценариото а снимањето би требало да започне напролет-вели еден од продуцентите.

За ова убиство српската полиција имаше повеќе осомничени но сѐ уште нема покренато обвинение.

Претходно «
Следно »