САРКАСТИЧЕН ХОРОСКОП:Озборувачи, посесивни, нарциси…

  • November 5, 2018

Луѓето, читајќи го хороскопот, гледаат само убавини за нивниот знак. Меѓутоа, на Интернет циркулира хумористичен и саркастичен приказ на карактеристиките на секој знак. Иако ова е забавно, размислете колку во овие прикази всушност ја има вистината! Бидејќи тие не се сосема случајни.


Овни –Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да му ја одземат целата слобода на партнерот, а себеси ќе си дозволат харем од љубовници.

Најчесто запнуваат за неосвоиви тврдини и не признаваат дека изгубиле, се’ додека целосно психички не се уништат. Многу се несреќни во мозокот, скокаат за се’ и сешто, воопшто не го познаваат зборот „тактика“, а чекањето за нив претставува болест. Кога ќе видат дека сте во право, тоа нема никогаш да ви го признаат.

Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не поседуваат никаква емотивна интелигенција, а на крајот секогаш завршуваат со некој „кретен“ бидејќи нивниот избор на партнер е вистинки ужас. А нешто што најмногу може да ги изненади и зачуди е фактот дека се изневерени и напуштени. Сè на сè, потребно е многу време за да ги разберат работите, ако тоа воопшто се случи.

Бикови -Самозадоволни, молчеливи луѓе, здодевни се како клуб на филателисти. Нивниот најголем психички проблем е тоа што никогаш, ама баш никогаш немаат никаков проблем. Секогаш им е се совршено и затоа немојте ни во лудило да ги оптеретувате со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат и не можат да ги разберат. Треба да им направите проблем, за да им биде забавно во животот

Нивниот мир е совршен сè додека не се трансформира во манично лудило, бидејќи кога ќе ги извадите од такт, тогаш со своите рогови, ножеви, што било што ќе им се најде при рака, заедно со искривеното лице одат кон вас како матадор кој мавта со црвена ткаенина. Тогаш погребајте се сами или подгответе секира, бидејќи нема да попуштат ниту на извинување.

Близнаци – Главни озборувачи, издаици и лицемери. Мислењето им се менува на секои 10-15 минути (велат дека и Јуда е роден во овој знак). Луѓе со стотина лица.

Постојано нешто глумат, тие се „нарциси“ со многу плиткок поглед на животот. Ако повлечете една линија ќе забележите дека вие всушност сте на многу ниско место во нивниот список на приоритети. Секогаш има нешто што е поважно од вас. Ако сте во врска со Близнаци, единствената вистина е дека сте изневерени, а најлошото е тоа што овие луѓе изневеруваат повеќе личности истовремено. Добро е тоа што сите тие личности имаат ист третман како и вие. Накратко,имате работа со личност која никогаш и никако не може да ви овозможи квалитет, а тоа што не ви овозможува ништо не значи дека не очекува од вас да му бидете секогаш при рака и да му ги исполнувате сите желби.

Ракови – Посесивни лудаци, се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ на правилна интонација. Го менуваат расположението како што ќе им падне на памет, а со емотивна потреба да досадуваат на некој. Многу им е важно да го изневерат партнерот. Ако ги обвините дека лажат, готови сте, ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден е вашиот најголем непријател и садист, а веќе следниот ден е истиот оној „стар“ и мек како памук- со блага амнезија. Ако сакате покрај себе да имате темпирана бомба која на неколку дена ќе ви експлодира во лице, само напред. И совет, зачленете се во ловечко друштво, бидејќи кога тогаш ќе ви затреба пушка.

Лавови – Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите навистина веруваат дека кога влегуваат во просторија ги следат безброј рефлектори и дека во секоја просторија се наоѓа најмалку барем една личност која ги обожава и која би го дала и својот живот само за еден поглед од нив. И вистина е дека секогаш има една таква личност – тие самите.

Ако сакате да функционирате нормално со еден Лав, веднаш треба да научите како да се согласувате со се што тој ќе каже и да го обожувате без никакви посебни причини. Бидејќи ако не се однесувате така, тој е во состојба да ви каже дека сте емотивно незрели и да ви создаде уште низа безпотребни и неосновани комплекси. И најважно од се, не заборавајте дека машките лавови, ги менуваат жените како чорапи.

Девиците се опсесивно-компулсивни, невротични и пребирливи ситничари, кои од стресот се ослободуваат со чистење на станот и редење на алиштата во орманот. За нив љубовта е непознат поим, кај нив се се сведува само на секс. Само робот може да биде поприсебен и поладнокрвен од една Девица. Со неа сте сигурни само во едно – порано или подоцна ќе ви забоде нож во грб!

Толку добро глуми, што нема ни да ви падне на памет дека со денови или мсеци веќе размислува дали е вистинско време да ве елиминира. И дури кога ќе биде целосно сигурна, ќе ги открие своите таленти за предавство, подлост и лицемерие. Тоа се „нарциси“ (самобендисани луѓе) кои се грижат само за себе и за својот изглед. Или како што тие убаво сакаат да кажат – тежнеат кон совршенството кој ниту еден друг знак не може да го достигне.

Вагите се нарцисоидни и шизофренични, огледалото им е најдобар пријател, нестабилни се и потребна им е цела недела за да се одлучат дали сакаат да нарачаат „Кока Кола“ или „Пепси“. Толку се мрзеливи што е вистинско чудо што стануваат од кревет. Знаат да Ве сакаат само доколку сте финансиски добро „потковани“ или ако имате угледна положба.Зборот пријател не постои за нив.Колку и да бидете искрени и добри со нив , тие никогаш нема да ви возвратат со иста мера. Внимателно ве слушаат, но никогаш нема да ви се „отворат“ до крај. Помили им се илјада убави лаги отколку една болна вистина, затоа и може да им се додели медал за најдобро лажење. Тие лажат секогаш кога ќе им се пружи можност за тоа, се лажат дури и самите себеси.

Шкорпиите се aвтодеструктивци кои јадовите не можат да ги поднесат сами, па затоа со себе мора да повлечат уште најмалку 100 други луѓе. Утре да е крајот на светот, тие нема да бидат шокирани, најверојатно би го дочекале на садо-мазо оргии. Ги прати глас на посесивни психопати. Доколку останат без секс подолго време тие психички ќе се разболат и постојано умислуваат дека притив нив се коваат некои сериозни заговори.

Стрелците се коцкари и расипикуќи кои уживаат да им солат памет на другите. Немојте ни случајно да влегувате во брак со Стрелец: иако е уверен дека ве сака, тоа „лудило“ ќе му помине за еден месец, освен ако не сте доволно богати да го задржите.

Забавно е нив да ги фаќате во лаги, бидејќи имаат толку смешни оправдувања, што ретко на некој ќе му текнат такви глупости. Жално е да ги гледате како одат низ животот. Упорно одбиваат да сфатата дека нивниот систем на вредности е наивен и несоодветен, па затоа на крајот секогаш страдаат. Не можат да се пофалат со упорност и дисциплина, а најлошо се снаоѓаат со парите. Едноставно, немаат чувство за материјалните вредности. Тие чувства најчесто се извитоперени и умираат во беда иако целиот живот трагаат по некакво богатство и престиж.

Јарците се вистински робовладетели, веруваат во судбина, а зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да бидете со нив цел живот и да го делите брачниот кревет, но никогаш нема да знаете што всушност тие навистина мислат. Своите чувства не можат да ги искажат со зборови , па така често зборот „те сакам“ го заменуваат со некоја „сочна“ псовка. Би го дале и животот за добар статус во друштвото.

Големи кукавици се и бегаат од проблемите , оставање во моментите кога најмногу ви се потребни е нивна специјалност, тоа го прават цел живот. Јарците се фригидни и неспособни да ги покажат чувствата. Премногу е спор и мрачен и не е некој со кој ќе можете да ја вкусите среќата во животот, затоа бегајте понастрана од искомплексираните кукавици.

Водолиите се нескротливи луѓе со слободен дух, кој во текот на животот 500 пати се губат самите себе. Најголемо задоволство им причинува пикањето на носот во туѓите животи. Најверојатно после ова нема да ве изненади фактот дека најголем број на шпиони во ЦИА, се родени во овој хороскопски знак.

Се што ќе направат за своите пријатели, задолжително на крај ќе го наплатат. Суштината на Водолијата е во тоа што воопшто не и е грижа за вас и за тоа што мислите и што зборувате за неа. Причината што е со вас е дека ве смета за „чудак“, па затоа и високо котирате во нејзините очи.

Рибите се неподносливи досади, кои постојано чекаат да дојде некој за да ги утеши. Не можат ништо да направат без туѓа помош и најмалата ситница ја гледаат како врвна сензација за која им досадуваат на луѓето од нивната околина.

Во паузите, кога се добро расположени, се занимаваат со туѓите проблеми, па повторно паѓаат во депресија – и така во круг. Рибите не лажат. Тоа е невозможно, бидејќи верата тоа не им го дозволува. Редовно одат во црква за да побараат прошка. И веруваат дека доколку тоа не го прават, Господ никогаш не би им простил.

Претходно «
Следно »