(Сателитски снимки)ЖОЛТА ФАЗА ВО МАКЕДОНИЈА: Европскиот метеоаларм предупредува на силно невреме кое доаѓа од север

  • June 1, 2017

Позначително дестабилизирање на времето имаше денеска во вечерните часови зафатени беа Скопското подрачјеќе има силни електрични празнења, силен ветер и пороен дожд. Оваа нестабилна воздушна маса полека се повлекува кон источните подрачја на земјава, каде се очекува локално повторно да има пороен дожд и силни електрични празнења – известуваат од УХМР

Преку ноќта постепено ќе се стабилизира временската состојба.

Европскиот метеоаларм пак предупредува на опасност од силни електрични празнења, а опасноста од ситуацијата за Скопје ја стави во жолта фаза.


В петок попладне и в сабота кога повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме.

Потоа, во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер.

 

Претходно «
Следно »