САШО ОРДАНОВСКИ ЈА ПОТВРДИ РЕКЕТАРСКАТА ШЕМА НА ЗАЕВИ: Во Скопје се палат автомобили, се кршат локали со амин на Спасовски и Заев – МВР молчи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Идеологот на „платеничката револуција“ и духовниот водач на СДС Сашо Ордановски, денес во својата колумна објавена на порталот „Плусинфо“, инаку финансиран од УСАИД и Отворено општество, ја потврди информацијата на Инфомакс.мк за рекетарска шема која ја спроведува фирма за обезбедување од Струмица, а со поддршка на полицијата на Оливер Спасовски

Како што вели Ордановски, тој низ чаршијата слушнал моабети дека некои „дечки со дебели вратови и тетоважи по цело тело“ деновиве вршеле тортура и притисоци врз сопственици на бизниси во Скопје, заканувајќи се дека треба да ја заменат „заштитата“ со онаа поддржана од фамилијата Заеви.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги. – пишува Ордановски.[/kopa_block_quote]

Тој додава и дека ваква рекетарска шема не би била возможна, ако истата оваа структура не би имала некаква заштита од полицијата. Вели, „нема рекет без вмешана полиција“.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Но, подеднакво сум сигурен и во нешто друго: во Македонија НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ овој вид на рекетарски операции, доколку зад нив не стои некаков вид и некое ниво на неофицијална полициска поддршка. Значи, да повторам: нема рекет, без полицајци во шемата! Е, тоа е веќе проблем (и) на масата на Заев, виа Оливер Спасовски! – додава Ордановски.[/kopa_block_quote]

Непосредно пред првиот круг на избори, Инфомакс.мк објави сторија за рекетарската шема која под покровителство на Вице Заев и Оливер Спасовски се спроведува во Скопје, но и покрај инсистирањето на Инфомакс.мк до МВР овие информации да бидат проверени, веќе два месеци од полицијата нема никаков одговор.

Тогаш, пишувавме дека во Скопје фирма под името „Омерта Секјурити“ од Струмица е всушност фирмата за обезбедување преку која се врши ваквиот притисок врз скопските бизниси. Оттаму пак, ја демантираа оваа информација, додавајќи дека тие немале експозитура во главниот град.

Порталот Фронтт.мк пак, пренесе и сведоштво на припадник на специјалната единица „Алфа“ во која тој ја објаснува шемата на вршење на рекет.

Анонимно сведоштво на припадник на полициската единица Алфи:

Како припадник на единицата Алфи изминативе неколку месеци низ градот сме сведоци како Вице Заев го превзема Скопското подземје и го става во својата бизнис мрежа. Имено во Скопје во изминатите месец дена се случија неколку случаи на рекетарство на видни локали и бизнисмени. Се рекетира се живо и диво, а секој оној кој што ќе одбие да плати рекет се соочува со палење на автомобилот.

Ова е модус операнди на криминалната банда под директна контрола на Вице Заев, која што после палењето на автомобилите на сопствениците им упатува порака дека треба да бидат среќни што поминале само со материјалната штета.

„Мафијата за Вршење на Рекет“ почнува на оштетените да им нуди услугите на агенција за обезбедување ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, и доколку нејзините услуги бидат одбиени тогаш настанува пеколот за сопственикиот на кафулето, фирмата или објектот. Оваа агенција засега воопшто не фигурира во регистерот на лиценцирани агенции за обезбедување во Македонија, иако се рекламра на интернет страната како самостојно правно лице кое дава услуги, туку се води како подружница на Агенцијата за обезбедување Гепард Секјурити од Струмица која во минатото беше санкционирана за затајување на данок преку прикажување на лажни сметководствени податоци.

На чело оваа агенција ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, Вице Заев ги поставил Раде Трајковски викан Штекли и Никола Ристовски викан Никола Лудо и двајцата познати делинквенти и дилери од Скопје и извршители на голем број кривични и прекршочни дела.

Овие двајца се во директна корелација со Филип Андов викан Сокол и Јетон Кривањева викан Жила кои се блиски до раководството на СДС и кои од Вице се задолжени да работат на спроведување на планот за целосна контрола на подземјето но и на ноќниот живот во Скопје. Филип Андов често е во Влада како посебен советник на Заев за Градот Скопје.

Токму Сокол ја гарантира целосната заштита на операциите преку Примислав Димовски нашиот командант на единицата Алфи. Затоа за поголем дел од притисоците ниту се видело ниту се чуло, а дел од нив ги нема ниту во службените белешки на МВР.

Како резултат на ваквото рекетарско однесување досега настрадаа возилата на сопствениците на сендвичарниците Вили, кафулето Река, фирмата Макомаркет. Оваа екипа го посети и кафулето Барбакан, кај што успеаа да го убедат сопственикот за користење на нивните услуги, па така куртули неговиот автомобил. Онаму кај што не им успеа, како во случајот со Дежа Ву и Станица 21 и неколку други, притисок се врши преку УЈП и инспекциските служби.

Веќе е јавна тајна во кругот на МВР дека сегашното раководство почнува да работи во заштита и заташкувања на дејствијата на новонастанатата Мафија за Вршење Рекет. Изминатово лето беа заташкани неколку посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во Градскиот Парк каде припадници на оваа насилничка екипа нанесоа тешки телесни повреди над млади недолжни лица. Министерството за внатрешни работи засега успешно го покрива не само насилничкото однесување, туку и трговијата со кокаин и наркотици на скопските улици, а сето тоа евро по евро ќе завршува во приватен џеб.

 

Извор:
Фронтт.ком

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Пронајдено мpтво машко тeло во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница....

More Articles Like This