САШО ТАСЕВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ: Екс-директорот на Драмски театар му порача на Стоилов „Тонч да им мавнеш“!

  • January 14, 2019

Актерот и поранешниот директор на Драмскиот театар, Сашо Тасевски, преку фејсбук статус му даде поддршка на ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов.

“Види вака Стојанче Стоилов, жити богоројца, биди најдобар пикер на првенствово, да им фаќаме сеир како ќе те именуваат на МТВ2. Тонч да им мавнеш”, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил.

Во претходен статус тој побара суспензија на уредникот коментатор на МТВ2, за етничка дискриминација на ракометарот Стоилов и поттикнување националистичка омраза, како и оставка на главната уредничка на МТВ2.

“Чекаме и денес јавна осуда и суспензија на уредникот коментатор на МТВ2 за етничка дискриминација на ракометарот Стоилов и поттикнување националистичка омраза. Оставка на главната уредничка на МТВ2 која го заштити својот коментатор изјавувајќи, замислете, дека Стоилов си го заслужил таквиот однос од албанските спортски новинари.
Види уредничке, така можеш на друго место. Ќе си одиш во приватна телевизија со твојот коментатор, па тој таму нека прави политички коментари и националистички испади колку сака, додека пренесува спортски настан. Во МТВ, национален сервис, каде зема плата од наш џеб, од позиција на новинар да шиканира и дискриминира врвен спортист на националната селекција е СКАНДАЛ кој треба бескрупулозно да биде санкциониран. Суспензија за коментаторот и оставка на уредничката на МТВ2, веднаш. Како показна вежба. Стоп за двојните аршини. Пак ги повикуваме, невладините, Хелсиншки, ЗНМ, Агенцијата за аудио визуелни, претставници на владата, да излезат со јавна осуда на коментаторот и да побараат соодветна санкција. Или можеби милувате да се правите на Тошо? Зашто желките од Галапагос се редок вид и мора да се заштитени”.

Претходно «
Следно »