September 26, 2020, 9:09 am

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на УЈП, ниту Мартин Костовски на Службен весник

Поврзано

Битиќи koнтра Бектеши: Етничката основа не е клуч за развојна, модерна и конкурентна економија

По изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши кој му порача на владиниот партнер и лидер на БЕСА, Билал...

Македонија од декември ќе пуши и поскапи и двојазични цигари

Цигарите од декември ќе добијат нова цена, нов изглед и ќе станат двојазични. Тоа ќе биде второ поскапување годинава за...

НОВИ 3AГPИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА – дури 40 илјади луѓе останаа без работа од kopoна kpизата

Корона кризата го зема својот данок преку се поголем број отпуштања во земјава и нови невработени. За период од шест...
- Advertisement -

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи, додека Мартин Костовски повеќе не е прв човек на Службен весник. Тоа значи дека овие институции ќе добијат нови директори по одржаните предвремени парламентарни избори.

Лукаревска и Костовски станаа пратеници во македонското Собрание преку Изборната единица 2 како кандидати на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и во моментов најавува дека е блиску до повторно составување на владеачко мнозинство за нова Влада.

Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Имери, а Лукаревска тврди дека времето ќе покаже дали ќе биде пратеник во Собранието или ќе стане владин функционер и ќе предводи одреден ресор доколку СДСМ повторно состави Влада.

– Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам, изјави Лукаревска за „Фактор“ откако три години беше на чело на УЈП и беше дел од неколку проекти од фискалната политика.

На местото на Костовски во Службен весник како вршител на должност е назначена Татијана Лалчевска, која исто така беше кандидат за пратеник од листата на СДСМ во Изборната единица 6 но не успеа да влезе меѓу 120-те народни избраници.

– Јас бев избрано лице од Владата како директор, но сега сум пратеник и тоа планирам и да останам, односно да ги застапувам гласачите кои ми ја дадоа довербата на изборите, ни изјави Костовски.

Од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ има и други избрани функционери кои сега станаа пратеници, па така Дарко Каевски е директор на Агенцијата за млади и спорт, Фаница Николоска е одговорно лице на Државниот управен инспекторат, a Боби Мојсоски е управител на затворот „Идризово“.

Latest News

(ВИДЕО) Невиден спектакл и баклијада на Тумбе Кафе: 35 години Чкембари

Невиден спектакл и баклијада на Тумбе Кафе 35 години Чкембари

Beчepвa „Бeлa нoќ“ вo Cкoпje

Вечерва, по 16. пат, во Скопје ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“. Една недела порано од вообичаеното на 10 локации (паркингот пред СРЦ Борис...

Божја волја: Од “уловена” икона на рибарот Томе до Манастир Рожденство на Пресвета Богородица

Легенди, народни верувања, раскажувања. Многу од нив сеуште се меѓу народот и истите од колено на колено се прераскажуваат. Ова раскажување е интересна случка...

Пoceбeн peжим на cooбpaќaj вo Скопје yтpe

На 27.09.2020 (недела) со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, ќе се одржи...

Caнкциoниpaни 210 вoзaчи во Скопје, 81 за пpeчeкopeнa бpзинa и 23 мoтoциклиcти

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, полицијата вчера изрече вкупно 210 санкции, меѓу кои...

More Articles Like This