СВАДБА ОД ПЕКОЛОТ: Се спремал да каже ДА, и тогаш се појавила швалерката во венчаница!

  • November 22, 2016
  • Коментари
 Овие младенци од Гана сигурно денот на својата венчавка ќе го паметат до крајот на својот живот, но не по добро.

Имено, на само неколку моменти пред двојката да каже ДА, во салата влетала швалерката на младоженецот и ја прекинала церемонијата.

Во видеото во продолжение се гледа моментот во кој швалерката влетува во салата, го граба микрофонот од матичарот и почнува да држи говор пред гостите. Го обвинила младоженецот дека е обичен швалер.

Обидот да ја исфрлат од салата бил безуспешен, па сите само немо стоеле и го слушале нејзиниот говор. Што се случило понатаму не е познато.

Претходно «
Следно »