СВЕДОЧИ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ: БАЗАТА НИ БЕШЕ ВО „МЕРИОТ“

  • December 6, 2018

Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на судењето за настаните во Собранието на 27 април лани во сведочењето кажа дека во паралениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ од каде што доаѓале наредбите се гледала сега веќе непостоечката „ТВ Нова“.

„На 27 април, во ресторанот дојдоа Никола Митревски – Кољо и други обвинети. Ми се јави директорот (на УБК) Атанасовски. Ми рече да ја следиме состојбата во Собрание. Во 17 часот дојде мојата сопруга. Тоа време имав контакт и со Сашо Мијалков. Ми рече, дојди во базата. Базата ни беше хотелот ’Мериот‘. Влегов од под земја. По навика, мислев Сашо е таму. Немаше обезбедување. Стиснав на осми кат на лифтот, мислев таму е. На крајот на катот има сала. Кога влегов во салата, видов други луѓе. Сашо не беше таму. Пред мене беа: Билјана Бришковска Бошковски, , Миле Јанакиески, Чавков Митко….“, сведочи Нинџа.

„Билјана Бришкоска-Бошковски критикуваше дека пратениците не си ја завршиле работата. Немало тепа чка, разочарана беше. Пратена беше насока до пратениците да ги отворат собраниските врати. Дојде директорот на УБК Владимир Атанасовски“, кажа Нинџа.

Сведочењето на Нинџа е во тек.,…..

Претходно «
Следно »