СВЕДОШТВО НА ПИЈАНИОТ ПОП: Не бев пијан, ме наместија – ама мераклија сум на капка ракија и јагнешко

  • March 18, 2018

Фотографијата на која свештеникот Ненад Обрадовиќ (65) лежи во трактор покрај ковчегот на човекот кој требало да го погребаат, многу брзо стана хит на социјалните мрежи, но попот кој беше на мета бидејќи српските медиуми пренесоа дека бил пијан и заспал, вели дека тоа не било вистина.

– Имам астма, а тогаш не го носев апаратчето со себе. Ми се слоши, па затоа прилегнав, а не бев пијан како што се пишуваше. Точно знам кој ме сликаше и кој сака да ме намести, изјавил Обрадовиќ за Курир.рс.

На прашањето на новинарите дали сепак „сака да се фати за чашката“, тој одговорил потврдно и додал дека е и мераклија за јагнешко. Дел од мештаните од селото каде што работи Обрадовиќ, застанале во негова одбрана и изјавиле дека воопшто не би го примале во нивните куќи и никогаш не би го ангажирале, ако е навистина таков каков што бил претставен во медиумите.

Претходно «
Следно »