October 23, 2021, 7:52 am

СВЕСНИ ЛИ СЕ ДЕКА ТРГУВААТ СО НАРОДНИТЕ ИНТЕРЕСИ: Тераат без концепт, без компас, тргуваат со националните интереси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата Влада се уште тера некаде без концепт, а ние имаме концепт за наредната декада и сето ова што е во оваа програма е реална и го ветуваме пред граѓаните се она што ќе ја води Македонија напред, потенцираше Никола Груевски на вечерашниот митинг во скопски Карпош.

-Навистина она што го гледаме од нивната кампања се полни со омаловажување, навредување, плукање и истурање гнев врз ВМРО-ДПМНЕ, моите соработници, Стевче Јакимовски, врз Коце Трајановски и врз сите оние кои што ви минатото создававме дела. Пола од нивните говори им се однесува на фрустрацијата врз нас, затоа што тие не можат врз народот, затоа што 11 години не ја добиваа власта. Исто така во нивните говори има непромислени работи како дека тие ќе донеле живот, а веќе видовме што живот донесоа овие четири месеци и ако некој им веруваше пред 11 декември сега веќе многу малку има, живото не можат да дадат тие бидејќи животот го дава господ и не треба да се прават господ бидејќи господ го одредува тоа. На 15 октомври ќе видат што е масовно и достоинствено гласање, за „Новата Ера“.

Тој додава дека тие се што правеа овие месеци го правеле незаконски и се однесуваа како газди на целата држава, а не како газди во приватните фабрики кои ги поседуваат.

-Покажуваат сила каде ќе стигнат, на 15 октомври нема да знаат каде да се свртат кога ќе видат кои се резултатите и што народот планира со нив. Тие одат директно и против волјата на народот, договорот со Бугарија тие прифатија менување на учебниците и да се напише дека во учебниците дека Илинденското востание, Гоце Делчев и Даме Груев биле Бугари, а не Македонци, дека македонскиот јазик е македонски само во уставот на Македонија и да се откажат од македонското малцинство во Бугарија. Тие овој договор го потпишаа ладнокрвно на пет минути како што кажа и самиот Заев и се заврши работата. Свесни ли се тие со чии интереси тргуваат? Со народните? И сега истото го планираат и со договорот со Грција и се што ќе им побараат ќе прифатат. Затоа овие избори на 15 октомври не се само избори за градоначалници, ова се многу повеќе од тоа, ова ќе биде порака од народот за четири месечното помрачување, истакна Груевски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Дневен хopocкоп зa 23 oктoмвpи: Дeнec oчeкyвajтe нaлeт нa eнepгиja

Овен Денот треба да го поминете со луѓето кои ви се најбитни во животот. Доколку неодамна сте страдале поради некој...

More Articles Like This