Денеска се чествува Светата маченичка Теодосија Тирска

  • June 10, 2019

Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката см рт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини.

Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја уб ијат со меч. Следната ноќ, Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен небесен сјај, опкружена со многу други спасени девојки и им рече: „Гледате колкава е славата и благодатта на мојот Христос од Когошто сакавте да ме ли шите?“ А ова им го рече на родителите зашто ја одвраќаа од исповедањето и ма чеништвото за Христа. Чесно пострада и се прослави во 308 година.

Претходно «
Следно »