СВЕТОТ НЕ Е ЦРН И БЕЛ: Другарите на Јане со песна му посакаа брзо да оздрави!

Поврзано

Како државата „kиднaпиpa“ луѓе врз основа на гласини и прераскажани муабети?

Доколку се анализира белешката, ќе се забележи дека сите аргументации и предвидувања се однесуваат на можно сценарио, без приказ...

Заев во работни посети на Брисел, Мадрид и Атина

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од денеска започнува европска работна агенда која опфаќа работни посети...

Пендаровски: Тие од 27-ми април сторија кривично дело без преседан во Европа, но ако има нови докази, може да се повтори случајот

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека денешната средба била во...
- Advertisement -

Со стиховите на песната „Може ли“ од Давид Темелков и хорот на „Златно славејче’“, малиот херој Јане Велковски, кој бoлeдyвa од спинална мускулна атрофија и неговите другари од одделението упатија силна порака.
„ Светот има неколку бои, не е само црн и бел“, се дел од стиховите на песната со кои учениците ОУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“ од скопската населба Хром дадоа поддршка на кампањата за лицата со ретки бoлecти, по повод Меѓународниот ден на ретките болecти.

„ Светот има неколку бои, не е само црн и бел“, се дел од стиховите на песната која ја пееше Јане со другарите во училиштето.

„ Јане е едно прекрасно, хумано дете. Тој е многу дружељубив и сака на сите да им помага. И децата од неговото, од нашето 5 г одделение уште од првиот момент одлично го прифатија и многу му помагаат“, ни изјави Гордана Наумовска- Трајковска, наставничката на Јане. Таа е дел од организацијата на вчерашниот настан кој се одржа во училиштето каде што учи Јане, за кој вели дека добила голема поддршка од директорката и од колегите.

Децата направија ликовна колонија и пишуваа пораки со кои покажаа дека сите се еднакви.

„Имавме една мала, но сепак голема ликовна колонија во училиштето кое личеше на едно големо атеље. Децата цртаа цртежи на тема другарство, сакајќи да покажат дека сите сме еднакви. Рецитираа творби, и втора година по ред ги обоија лицата со боите на ретките болести, сината, розовата и зелената. Тие се уште од сега се свесни дека различностите треба да се прифатат, а со ретките болecти на многу луѓе од целиот свет.

Наставничката Гордана Наумовска-Трајковска и колешките ги обоија лицата како поддршка на лицата со ретки болecти

И Јане, заедно со своите другари учествуваше во изведбата на песната „Сите сме еднакви“ која ја пее „Пет плус бенд“. Настанот, вели наставничката го направил поубав и детскиот рецитал во кој учествуваше и Јане. Трајковска и нејзините колеги често организираат вакви хумани настани со кои се одбележуваат светски денови за помош и поддршка на бoлни лица.

Latest News

Извecтyвaњe oд ЈСП: Hoв вoзeн peд пoчнyвajќи oд yтpe – eвe штo тpeбa дa знaeтe

ЈСП информира дека од утре, среда (12.05.2021 година), јавниот превоз ќе сообраќа без временски ограничувања, а билетарниците и центрите...

More Articles Like This