August 11, 2020, 10:28 am

СВЕТОТ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТ: Траорно „писмо од иднината“ на италијанската писателка Франческа Меландри

Поврзано

(Видео) Oвa е пpичинaтa за oбидoт за aтeнтaт врз американскиот претседател

Верувале или најголемиот удел во фармацевтската индустрија на САД е во Кина и Индија и го зголемува нивниот БДП. Фармацевтскиот...

Ќе лeжaт зaтвop: На газдите кои зeмaa cyбвeнции, а не дaдoа плaти им се зaкaнyвa зaтвop

Сопствениците на компаниите што добија субвенции од државата за надминување на кризата со коронавирусот ќе мора да ги вратат...

(Фото) Kaко во kaфез, надpeaлни слики од Тајланд, еве како се одвива наставата

Надреалните фотографии од Тајланд покажуваат дека ученици одат во основно училиште, со маски, сместени во „кафези“ за социјално растојание,...
- Advertisement -

Популарната италијанска писателка Франческа Меландри, која поради епидемијата на коронавирусот речиси три недели се наоѓа во карантин во Рим, напишала „писмо од иднината“ до Европјаните, опишувајќи ги емоциите кои луѓето најверојатно ќе ги искусат во неделите кои доаѓаат

 

„Ви пишувам од Италија, што значи од вашата иднина. Ние сме сега таму каде што вие ќе бидете за неколку дена. Графиконите кои ги следите за време на епидемијата покажуваат дека сите сме испреплетени во паралелен танц“, пишува Меландри.

Таа укажува дека Италијаните се неколку чекори пред другите европски земји, баш како што Вухан беше неколку недели пред Италија, пренесува „Гардијан“.

„Ве гледаме Вас како се однесувате, баш како што ние се однесувавем. Се расправате за истите работи за кои до неодамна и ние се расправавме и додека едни зборуваат дека тоа е ‘само грип’ и се прашуваат зошто таква паника, другите сфатија за што се работи. Додека вас ве гледаме оттука, од вашата иднина, знаеме дека многумина од вас, како што ви е кажано, сте заклучени во своите домови, го цитирате Орвел, а некои дури и Хобс“, констатира Меландри.

Италијанската писателка, меѓутоа, предупредува дека наскоро ќе станеме презафатени за такво нешто.

Храната како главна преокупција

„Пред се, ќе јадете. Не само затоа што тоа ќе ви биде една од последните работи кои ќе можете да ги правите. Ќе најдете десетина групи на социјалните мрежи кои нудат совети како на најдобар начин да го поминете слободното време. Ќе се приклучите на сите тие групи и по неколку дена комплетно ќе ги игнорирате“, наведува Меландри.

 

Потоа, како што додава, следуваат книгите со апокалиптични содржини кои ни стојат на полиците, од кои многу брзо ќе се откажеме бидејќи ќе сфатиме дека такво нешто воопшто не ни се чита.

„Пак ќе јадете. Нема добро да спиете. Ќе се запрашате што се случува со демократијата. Ќе имате доста бурен живот на социјалните мрежи. Месинџер, Вацап, Скајп…Вашите постари деца ќе ви недостигаат како никогаш претходно. Свесноста дека не знаете кога повотрно ќе ги видите, ќе ве боли како некој да ве удрил во гради“, пишува италијанската писателла.
Истакнува дека старите огорчености и потреси ќе ви станат неважни и ќе им се јавиме и на оние луѓе кои сме се заколнале дека нема никогаш во животот да ги слушнеме и ќе ги прашаме „Како си?“.

„Многу жени ќе бидат претепани во своите домови. Ќе прашате што се случува со оние кои не можат да бидат дома бидејќи немаат дом. Ќе се чувствувате ранливо кога на патот до продавница ќе поминете низ пустите улици, посебно ако сте жена. Ќе се запрашате дали е ова начинот на кој пропаѓа општеството. Дали тоа навистина се случува така брзо? Кога ќе се вратите дома, повторно ќе јадете“, пишува Меландри.

Како последица на тоа, ќе се здебелите, а потоа ќе тргнете во потрага по онлајн фитнес програма, вели писателката, истакнувајќи дека за цело ова време ќе започнеме да уживаме во црн хумор како никогаш претходно.

Дури и оние кои претходно сѐ разбирале пресериозно ќе започнат да размислуваат за апсурдноста на животот, вслената и се друго.

„Ќе се договарате со пријателите и љубовниците да се најдете во супермаркет за да се видите во живо, барем накратко, но за цело тоа време ќе се придржувате на мерките за физичко растојание“.

Ќе ги наброите, продолжува во писмото писателката, сите работи кои мора да ги направите, а ќе ги откриете и вистинските карактери на луѓето од околината. Некои сомнежи ќе ви се потврдат, а некои ќе ве изненадат.

„Интелкетуалци, кои претходно биле сеприсутни на медиумите, сега ќе ги снема. Некои ќе најдат засолниште во рационализацијата која ќе биде потполно лишена од сочувство па луѓето ќе престанат да ги слушаат. Но, луѓето на кои претходно не сте обраќале внимание, ќе се покажат како великодушни, лојални, прагматични и проникливи“, констатира Меландри.

Оние кои вас ќе ве повикуваат на целиот овој хаос да гледате како на прилика за плантарна обнова, ќе ви помогнат да ја согледате широката слика, наведува таа, но и напоменува дека исто така овие луѓе ќе не нервираат.

„Убаво, планетата повторно дише бидејќи емитуваме помалку јаглен-диоксид, но како ќе ги платиме сметките следниот месец? Нема да сфатите дали раѓањето на новиот свет е грандиозна или очајна ситуација“, стои во писмото на италијанската писателка.

Музика како меѓусебно охрабрување

Таа наведува дека музика ќе пуштаме од прозорците или од дворовите.

„Кога не видовте како пееме арии од оперите од нашите балкони, помисливте: ‘Ах, тие Италијани’. Но ние знаеме дека и вие така ќе пеете за меѓусебно да се охрабрите. Кога до даска ќе пуштите од вашиот прозор ‘I Will Survive’, ние вас ќе ве гледаме и потврдно ќе климаме со главата исто како што тоа го правеа кога не гледаа граѓаните на Вухан, кои пееја од своите прозорци во фебруари“.

Многумина, пишува понатаму во писмото, ќе заспијат со мислата како ќе се разведат веднаш по укинувањето на карантинот, но додава и дека многу деца ќе бидат зачнати во овој период.

„Вашите деца ќе пратат онлајн настава. Ќе биде ужасно напорна, но вас ќе ви претставува големо задоволство. Постарите ќе бидат непослушни како безобразни тинејџери. Ќе мораат да сфатат дека забраната за излегување, е за да не се заразат и да не умрат“, пишува Меландри.

Светот повеќе нема да биде ист

Ќе се обидете, продолжува, да не размислкувате за луѓето кои осамени починале на одделенијата за интензивна нега, ќе посаката со латици од ружи да го прекриете патот по кој чекорат здравствените работници.

„Ќе ви речат дека општеството се обединило во заедничка борба, дека сите сте во ист чамец. И тоа ќе биде вистина. Ова искуство засекогаш ќе го промени начинот на кој се гледате самите себеси како индивидуа и дел од една поголема целина“, се вели во писмото.

Италијанската писателка укажува на тоа дека ќе биде важно на која класа припаѓаме и прецизира дека не е исто ако сме затворени во куќа со прекрасен двор или во пренатрпана стамбена зграда.

Не е исто, како што укажува, да се биде во можност да се работи од дома или да се гледа како вашата работа исчезнува.

„Тој чамец во кој сите заедно ќе пловите за да ја победите епидемијата, нема на сите да им изгледа исто, ниту е ист за секого. Никогаш не ни бил. Во некој момент ќе сфатите колку е се ова тешко“.
Предупредува дека потоа следи и страв кој ќе го поделиме со своите најмили, или ќе го задржиме за себе да ни бидеме дополнителен товар.

„Ние сме во Италија и ова е тоа што го знаеме за вашата иднина. Ова е само мал проѕир кон иднината. Ние сме пророци на ниско ниво. Ако погледнеме во подалечната индина, онаа која е непозната и за вас и за нас, можеме само да ви го кажеме ова: кога сѐ ќе заврши, светот веќе нема да биде ист“, заклучува Меландри.

Latest News

(Видео) Oвa е пpичинaтa за oбидoт за aтeнтaт врз американскиот претседател

Верувале или најголемиот удел во фармацевтската индустрија на САД е во Кина и Индија и го зголемува нивниот БДП. Фармацевтскиот...

Ќе лeжaт зaтвop: На газдите кои зeмaa cyбвeнции, а не дaдoа плaти им се зaкaнyвa зaтвop

Сопствениците на компаниите што добија субвенции од државата за надминување на кризата со коронавирусот ќе мора да ги вратат парите, а ако се следи...

Уaпceнo младо момче – Пoлициjaтa пронашла мapихyaнa кај него

На 10.08.2020 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Иван Хаџиниколов“ го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при...

(Фото) Kaко во kaфез, надpeaлни слики од Тајланд, еве како се одвива наставата

Надреалните фотографии од Тајланд покажуваат дека ученици одат во основно училиште, со маски, сместени во „кафези“ за социјално растојание, изработени од пластика и плексиглас. Тајландски...

Македонски државјанин тeшкo пoвpeдeн во cooбрaќaјкa кај Саранда

Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз. Од се уште...

More Articles Like This