Светскиот Македонски Конгрес разочарани од елементарното непознавање на уставното уредување од страна на премиерот Заев

  • November 22, 2017

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од елементарното непознавање на уставното уредување на Македонија од страна на премиерот Зоран Заев, кој за време на посетата на Србија на 21 ноември, на прес конференцијата во Белград заедно со српскиот премиер Ана Брњариќ, изјави дека “Српскиот народ што живее во Република Македонија, е дел од конститутивните народи наброени во Уставот на Република Македонија“ и дека “Во Статутот на Војводина Македонците се воведени како конститутивен народ.“

СМК го потсетува премиерот Зоран Заев дека ниту Српскиот народ е конститутивен народ во Македонија, ниту во Македонија живеат повеќе конститутивни народи, како што ни Македонците, заедно со другите национални малцинства не се конститутивен народ во Војводина, туку рамноправни во правата и должностите со припадниците на Српскиот народ.

СМК укажува дека Македонија не е (кон)федерација од повеќе народи, туку унитарна држава во којашто се обезбедува еднаквост пред Уставот и законите за сите. Контитутивен народ во Македонија е само Македонскиот народ и затоа “на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“ Делот од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, спомнати во преамбулата на Уставот се уставна категорија, но воопшто не се конститутивни народи во Република Македонија!

Претходно «
Следно »