СВЕТСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИ ПАРК: Странските инвеститори ќе готват национални јадења за хуманитарна цел!

  • June 5, 2016

Хуманитарен „Светски пикник“ од кој донациите ќе бидат за потребите на народните кујни во Македонија, ќе се одржи денеска напладне во Градски парк, по повод 10 годишнината од основањето на Советот на странски инвститори при Стопанската комора на Македонија.

piknik

Странските инвеститори во државава кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија на пикникот ќе претстават дел од културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

Настанот е отворен за сите посетители, а поради хуманитарниот карактер на настанот, храната ќе се послужува за симболична цена од 100 денари. Собраните средства ќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, секој посетител ќе добие можност да вкуси автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата предвидени се едукативни и интерактивни игри.

Претходно «
Следно »