СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Поврзано

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден...

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за...
- Advertisement -

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), вчера во пресрет на претстојните денови на духовденската задушница, апелираше до верниците при посетата на гробовите на своите ближни да ги почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции.

– Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а наедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства – се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

Но сепак голем дел од верниците како оние во Скопје поради полицискиот час нема да може да го посетат гробовите на своите најблиски.

Инфомакс го контактираше Владиката Тимотеј за тоа кој е ставот на МПЦ по однос на полицискиот час, но тој не упати на соопштението кое вчера го испрати синодот. Денеска со свој личен став за случувањата излезе митрополитот Петар.

„Гробиштата се на отворен простор, каде што има провев, секој гроб е на 2 метри растојание и според ова, не гледам опасност верниците на задушница да се заразат од коронавурусот“, вели за А1он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин и полициски час за празникот Задушница. И

„Се знае дека заболените деновиве се од одредени кластери, распространети по неколку општини како резултат на контактите на ифтарските вечери. Ифтарите се одржуваа во затворен простор, а Задушница ќе биде на отворено. Не гледам проблем на верниците да им се ускрати правото да оддадат помен на починатите. Ги затворија верниците за Велигден, во ред, молчевме, беше проблем да не се собираат во црквите. Но, сега не е така, затоа сметам дека ако повоторно има карантин за задушница е премногу“, изјави митрополитот Петар.

Нашата редакција проба да исконтактира и неколку свештеници во МПЦ, но тие не сакаа да говорат пред камерите посочувајќи дека имаат големи проблеми со верниците поради молкот за одлуките на Владата од страна на МПЦ.

На Фејсбук се огласи и отец Ивица кој истакна дека ова што им се прави на христијанските верници е отворена неправда.

ПОМЕЃУ ПРАВДАТА И ОТВОРЕНАТА НЕПРАВДА!!!

-И ПОВТОРНО ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ајде петок и сабота, иаку и за задушницата ние како Црква имаме решение во рамка на протоколите за заштита од вирусот Ковид 19, НО ЗОШТО И НЕДЕЛА кога Црквата го празнува својот роденден, ПЕДЕСЕТНИЦА, симнувањето на Светиот Дух врз апостолите!?!

Најголем процент од членовите на МПЦ – ОА покажаа во изминатиот период префинет осет за општествена одговорност, покажаа реална љубов и одговорна солидарност, покажаа разбирање и кога одговорните во државата сериозно грешеа со своите проценки, и еве повторно се тренира строгост врз наш грб.

Значи, во оваа наша Македонија колку е некој по емпатичен, одговорен, сериозен и рационален, толку полесно некој може да се изживува врз него! Зар треба да се биде надмен, самобендисан, насилен и уценувач за да те бројат помеѓу „сериозните фактори“?!

Христијаните ќе си останат ХРИСТИЈАНИ, и Богољубиви и човекољубиви, ама во исто време разбираат што е ПРАВДА, но што е и НЕПРАВДА! А неправдата боли, пишува презвитер Ивица Тодоров.

Latest News

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден...

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако обвинителот којшто е главен овие...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за враќање на Груевски и ништо...

Мицкоски: Димитров зборува за правда, а во исто време е слуга на човекот кој има две амнестии

Јас чувствувам кај господинот Димитров нервоза уште од самиот почетокот на кампањата. Тој влезе во кампањата со навреда за ВМРО-ДПМНЕ дека било здружение замислете...

Разочарувањето кај народот од политичарите е огромно, бидејќи преку ноќ се збогатија на грбот на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија истакна дека во Македонија најголемо е разочарувањето во...

More Articles Like This