СДСМ БЕГА ОД ДЕБАТА ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА: Забрана за учество на дебати на кои се зборува за федерализацијата!

  • November 22, 2016

Најголемата македонска опозициска партија која отворено се залага за двојазичност на целата територија на Република Македонија одбива дебата на тема „Унитарна држава“.

nermin

Имено, во овие моменти на телевизија Нова се одвива дебата на тема „Македонија: Мултиетничко општество, унитарна држава“ на која биле поканети претставници од сите поголеми политички партии.

Сепак, како што може да се види, на поканата на ТВ Нова се одзвале само претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и партијата Левица. Нермин Теловска ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека Мариглен Демири на Левица.

Заложбите на СДСМ и Зоран Заев за редефинирана и бинационална држава наидоа на голем револт кај македонското гласачко тело, кое не отстапува од залагањата за суверена и унитарна држава.

Претходно «
Следно »