СДСМ ВО РЕСЕН ЌЕ ТРЧА СО КАНДИДАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Струјата на Бузлевски во СДСМ Ресен победила – кандидат ВМРО-вецот Живко Гошаревски!

  • September 1, 2017

Немањето на доволно квалитетен кадар, ги натера социјалдемократите во Ресен да го прифатат враќањето на Бузлевски на сцена во градот, а отсега па натаму по се изгледа дека социјадемократите од Преспа ќе играат по неговите ноти

 

Вечерва, по долга расправија и неможност да се договорат за доволно квалитетен кандидат, СДСМ во Ресен одлучи на локалните избори да истрча со кандидат кој всушност не е ниту член на партијата. За иронијата да биде поголема, кандидатот Живко Гошаревски е член на ВМРО-ДПМНЕ уште од раните деведесети, но ќе трча за СДСМ во Ресен, откако Бузлевски, како што велат во градот „победил“ во битката за превласт во локалниот огранок за партијата.

Ова не е прв случај на СДСМ да краде членови на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи во предвид дека партијата нема доволно квалитетен кадар, а оние кои ги има во градовите од каде што потекнуваат се познати мешетари, а неретко и криминалци, за кои граѓаните немаат намера да гласааат.

 

 

Претходно «
Следно »