СДСМ го очекува тотален распад по неминовниот пораз на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот и член на Президиумот на Левица, Димитар Апасиев во ексклузивно интервју за Инфомакс го објаснува терминот пасокизација, понатаму одговора на прашањето дали има услови за избори на 5 јули, а проговоре и за социјалната правда во Македонија во време на пандемијата на коронавирусот. Според него по поразот на изборите СДСМ го очекува тотален распад и заминување во политичката историја.

Често го користите терминот пасокизација, може ли подетално да објасните што мислите кога велите дека СДСМ го очекува пасокизација. Што ќе се случува со партијата по изборите, дали Левица ќе го заземе местото и приматот на СДСМ како претставник на левичарство во Македонија?

– „Пасокизацијата“ е политички феномен на исчезнување од политичката сцена на искомпромитира и дотогаш етаблирана левичарска партија. Терминот го користиме повикувајќи се на грчкото искуство, кога радикалната левица на Сириза го збриша млакиот и корумпиран ПАСОК и го прати на буништето на историјата. Тоа ќе му се случи и на СДС на Нашата Земја после овие избори. Тие немаат идеологија! А идеологијата е лепак на партијата. Она што ги држи како „структура“ се само тендери, мито и корупција. Затоа, после неминовниот пораз на претстојниве избори, тие не само што заминуваат во опозиција, туку ќе следуваат и многу автодеструктивни внатрешни процеси. Кога на ова ќе го додадете и кривично-правниот прогон на сегашните носители, кои неминовно ќе следува, тогаш имате целосен распад на СДС. И, природно, левиот простор на политичката сцена ќе биде пополнет од Левица, како најбрзорастечка свежа и неподмитлива политичка сила во Македонија, вели професорот.

Сметате ли дека има услови за организирање на предвремени парламентарни избори на 5 јули? Која мислите дека е причината што на Заев толку му се брза час поскоро да се одржат избори?

-Не. Услови за избори нема, и тоа е ноторен факт. Форсирањето на избори сред пандемија во земја која е тотален рекордер во неспособност за справување со здравствената криза, е налудничава идеја по сите стандарди. Но, форсирањето на Заев се должи на вртоглаиот пад на рејтингот на СДС. Тие тонат од ден на ден. Во слободен пад се! Оттука, секој ден им е битен. Затоа и нехумано притискаат за избори што порано. Дополнително, го вклучија и предизборното подмитување на максимално ниво. Се купуваат невладини, газди, олигарси, сиромашни – само и само да се избега од впечатокот дека се најнеспособната Влада која оваа држава ја имала од АСНОМ до денес. Но, со ваков нешколуван Пи-Ар од типот на Забрчанец и Коста Петров, до тука можат. Толку им фаќа „кликерот“. Затоа, дебаклот кој им следува на овие избори ќе биде прво – шокантен и второ – отрезнувачки за нив. Но, тоа е веќе нивен, а не наш проблем. Наше е да ги пратиме на гнојарникот на историјата за оваа колективна траума никогаш да не ни се повтори, вели Апасиев.

Има ли социјална правда во време на корона, дали мерките на Владата се доволни за помош на обичниот граѓанин, на загрзените категории граѓани, на оние на кои им е најпотребно?

-Не. Нема! Македонија е класно најраслоена држава од Ирска до Казахстан. Тоа значи, дека со политиките на Заев и Анѓушев, кај нас – секој ден – богатите стануваат се побогати, а сиромашните се посиромашни! Тоа е запрепастувачки. Гледаме дека од државната помош ќар имаат само нивните фирми, а не обичниот човек. Оттука, мерките на неспособната министерка Групер се само во корист на крупните капиталисти, а не на работниците. Невработеноста, и покрај вештачкото криење и штимање на бројките, порасна за илјадници луѓе. Она што ќе следува е банкрот на државата, а тоа што со последното енормно презадолжување кон странските кредитори, Македонија влегува во ризичните земји кои не ќе можат да го сервисираат својот јавен долг. А тоа значи – кратење плати, пензии, социјални трансфери, пораст на сиромаштија, мерки за „штедење“ и други неолиберални рецепти за уништување на една економија која и те како може да биде самоодржлива, ако се влечат мудри потези. Но, за жал, со оваа неспособна гарнитура – ова е максимумот. Да сме во друѓтво со Ирак и Либија – земји разорени и опустошени од долгогодишни граќански војни. Е до толку е лоша и забегана работава. Лек постои – а тоа е масовна излезност и праќање на СДС во историјата, бидејќи неизлегувањето на гласање е тоа што нашите тирани сакаат да го постигнат. Секој кој ќе седи дома на следниве избори, под страв од зараза, одработува за владејачката елита на која и одговара ниска излезност и смислено работи на тоа сценарио. Она што треба е токму обратното. Во политичката теорија тоа се вика непредвидлив „ефект на бумеранг“. Прогнозирам дека тоа и ќе им се случи на СДС. Излезноста ќе биде во граници на нормалата, и покрај сета параноја и хаос кои ги направија. Тие ќе бидат казнети од народот за квислиншката анационална политика и конечно, после губењето на полугите на власта, кога ќе нема кои да ги штити – ќе завршат онаму каде што им е местото – во затвор за сите криминали и предавства. Мора да ставиме крај на неказнивоста, за да ни тргне. Без тоа ќе останеме слепо црево на Балканот, потенцира професорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This