СДСМ ОД ДЕНЕС ГО ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗИРАЊЕТО НА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: СДСМ денес поднесува иницијатива во Собранието

  • March 17, 2017
  • Коментари

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во 10.30 часот ќе поднесе во Собранието на Република Македонија иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која, според најавите, треба да биде избран претседател на законодавниот дом, соопштија од СДСМ.

sobranie-mk

Според деловникот, нема предвидено рок во кој претседавачот е должен да свика продолжување на седницата од 30 декември минатата година, туку треба да го направи тоа кога ќе се создадат услови. Вељаноски треба да свика координација за да се одреди составот на Комисијата за избори и именувања, како и дневниот ред на седницата.

СДСМ и албанските партии се подготвени да свикаат продолжување на конститутивната седница на Собранието на која треба да се избере нов претседател на Собранието дури и ако претседателот во заминување Трајко Велјаноски не го стори тоа.

Заев е цврсто решен да ја спорведе Тиранската платформа, која ја прифатил во целост, што потврдуваат неговите албански партнери, но и членот на ИК и ЦК на партијата, Мухамед Зекири. Изборот на претседател на Собранието Албанец е првиот чекор во реализација на платформата од Тирана.

Со меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за распределба на позициите во власта, одлучено е поранешниот албански командант на 116 Бригада на УЧК, кој потоа стана политичар, ексминистерот за одбрана од редовите на ДУИ Талат Џафери, да биде претседател на Собранието на РМ.

Изборот на Албанец за претседател на Собранието е еден од условите во Тиранската платформа, создадена во Трана од албанските партии и Еди Рама и прифатена од СДСМ со единствена цел да се укине македонската државност.

Според Уставот, претседателот на Собранието е втор човек во државата и заменик-врховен командант, што значи дека во отсуство на претседателот Ѓорге Иванов, Талат Џафери ќе ја води државата и ќе биде врховен командант на вооружените сили на РМ.

Прифаќајќи двојазичност на целата тероторија на Македонија, СДСМ му овозможува на поранешниот командант на ОНА државата да ја води на албански јазик, во Собрането да се обраќа на албански и седниците да ги води на албански.

Ваквиот арогантен чекор на СДСМ и албанските партии, кој претставува погазување на волјата на мнозиноството граѓани кои не гласале за Платформата од Тирана, може да доведе до уште помасовни прoтести во целата земја.

Претходно «
Следно »