СДСМ ПОВИКАЛЕ ОСУДЕНИ УБИЈЦИ ВО ОБИД ДА СЕ ПРЕСМЕТУВААТ СО НАРОДОТ: Екс-вработен во МВР и телохранител на Шеќеринска повикан да се пресметува со народот во Собрание?

  • April 29, 2017

Не само што Заев дал наредба неговто обезбедување да пука кон народот, туку меѓу присутните тие повикале и дел од нивното криминално членство да ги заштитува, а со оглед на нивното минато и да направи се ако добијат наредба да убиваат народ
zoran_zaba

Освен полицаецот Аце, на 27 април меѓу провокаторите на СДСМ во прес-салата во Собранието бил и Зоран Трифуновски – Жаба, инаку екс-обезбедување на СДСМ, поточно Радмила Шеќеринска во периодот додека таа беше претседател на партијата.

Во 2013 година, споменатото лице било осудено за обид за убиство на директорот охридски „Комуналец“.

Како што тогаш пишуваше вечер, за обидот за убиство биле осомничени Зоран Трифуновски и Јоцо А. двајцата вработени во МВР. Првиот, според весникот, бил поранешниот припадник на обезбедувањето на поранешната претседателка на партијата, Радмила Шеќеринска, како и на други функционери на СДСМ.
Од Министерството за внатрешни работи, потврдиле дека двете лица осомничени за нападот, во посочениот период биле на боледување, што најверојатно го користеле за учество во кампањата на СДСМ, заклучува Вечер.

Двајцата осомничени за нападот врз Алчев за себе имаат работни досиеја со бројни дисциплински мерки, а Зоран во февруари 2013-та добил и отказ од МВР, бидејќи заедно со Јоцо учествувал во тепачка во ноќниот бар „Аудиториум” кога нападнале ракометари на Металург. Поради инцидентот Внатрешната контрола на МВР го дала Јоцо на дисциплинска постапка и бил парично казнет и прераспределен на друго работно место.

Зоран се жалел на отказот од МВР, па со судска одлука, во јануари 2014 бил вратен на работа. По пресудата е повторно отпуштен.

makfax_zaba

Претходно «
Следно »