СДСМ ПРИФАТИЛЕ ДА ПРИМАТ 150 ИЛЈАДИ МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА: На Бихаќка се радувале, правеле планови да си ги направат гласачи!

  • February 10, 2019

СДСМ одлучиле да прифатат неверојатни 150 илјади мигранти во Република Македонија. Ова го обзнани екс премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во своето интервју за Инфомакс. Тој вели дека истото било побарано и од него, но тој категорично го одбил ваквото барање, додавајќи дека ова го пригатиле на Бихаќка, коментирајќи дека истите тие мигранти ќе ги направат и свои гласачи.

-Тоа го споменав бидејќи во тој период беа некој други гарнитури во некој држави, не би сакал да спомнувам сега имиња на  држави кои што јасно ни беа дале до знаеање дека бараат од нас да примиме 150 илјади мигранти. Многу јасно недвосмислено, луѓе од високи позиции побараа од нас 150 илјади мигранти да примиме. А потоа добивме информација дека во штабот на СДСМ тоа поминало. Што е сега за сега среќна околност, што во некои држави се променија некои власти, па во некои од нив дури тие власти имаат отпор кон мигранти. Значи еден тотален пресврт во тие држави и тоа може да ме спаси. Во тој период кога тоа го зборев, властите на тие држави протежираа отворени врати за мигрантска политика додека сега и во нивните држави ги затвораат вратите за мигрантска политика. И тоа е некаква можност да не дојде до тоа. Инаку СДСМ ќе си го пуштеше тоа без проблем. Оти тоа што ни го кажаа на нас беше следно, 150 илјади мигранти ќе им изградите живеалишта, ќе им помогнете да се вклопат во оштеството и да најдат работа. Тоа беше барањето. Но се сменија работите во некои други држави и мислам дека сега не го бараат тоа. И тоа е среќната околност или да го бараа тоа и одма ќе го дадеа. Затоа што кога ги добив информациите како тој разговор поминал во СДСМ не само што им рекле ок, него потоа си збореле меѓу себе, абе супер ќе ги направиме и наши гласачи. Ќе им дадеме државјанства, ќе им направиме куќи и ќе ги направиме наши гласачи. 150 илјади мигранти од Афрички земји, Азиски земји итн.

 

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 10. Februar 2019

Претходно «
Следно »