August 13, 2020, 3:00 am

СДСМ развојна и ДУИ прогресивна!?

Поврзано

Колумна на Љупчо Палевски: Kapпaлak

Оваа недела, повторно и повторно со пцуење и лицемерие, тажно се одбележа КАРПАЛАК, настан кој нај добро го покажува...

КОЛУМНА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ: Првиот kypшyм за Македонија

Наследената функционерска структура, наследена од СФРЈ, вешто распоредена во сите партии, со aтeнтaтoт на Киро Глигоров беше ckpшeнa, kaтaлизиpajќи...

Функционални институции како највисока форма на патриотизам

Се чини голем број македонски патриоти, родољуби како врвен приоритет го имаат враќањето на името и укинување на сите...
- Advertisement -

Али Ахмети: Премиер Албанец! Зошто не? Зоран Заев: Уцени од ДУИ не прифаќаме, имаме и други опции. И оп, после изборите реинкарнација на Теута Арифи – на секои четири години – во булдожер-идеолог и стратег на ДУИ. Или воведување на поимот “рационалност“ во политиката и негово етаблирање на највисок преговарачки пиедестал. Пoискусните велат, дека сепак се работи само за редефинирање на улогата на пит-булот во политиката.

Поводот на оваа колумна е Теута Арифи и нејзиниот настап на ТВ24. Мотив и причина пак, Македонија и нејзината иднина, гледана преку ретровизорот на “локалната“ Теута, која на секои четири години, пати од излив на “политичка љубов“ кон ВМРО-ДПМНЕ и вмровците и страсна приврзаност кон.

Но, одиме со ред: Изјава дадена јавно од Зоран Заев:: “Уцени не прифаќаме никако. Без разлика каква ќе е цената. Опции имаме и ги гледаме. Алијанса за Албанците и Алтернатива како коалиција се сериозна опција, да видиме малите политички партии, колку мандата ние ќе добиеме. Сето тоа е отворено. Јас оставам простор граѓаните да го дадат легитимитетот кој што да биде во оваа држава….. Време е ДУИ да оди во опозиција…“.

Истиот човек, безмалку истата тема, ама изјава дадена во кафеана (после 2 часа и 17 минути): “ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Глас за ДУИ е и глас за Мицковски и Груевски“. Кажа и остана жив, би рекле нашите северни соседи. И, одозгора на тога, ништо не погоди, што и не е така занемарливо.

На ова Али Ахмети ќе изреагира во стилот: “Не знам дали постои поголема навреда за Албанците од тоа тој да рече ‘ма остави ги Албанците тие се продаваат за пари’. Ова е навреда се до гробовите на Албанците. Дај Боже да не е вистина“. Следуваа потоа и некои други непримерни изјави од коалиционите партнери, кои не заслужуваат да бидат нотирани ниту на хартија. Се случија изборите, ги добивме резултатите и оп, видовме молневита замена на политичките вувузели. Сега се дуваат некои други политички акорди. Теута Арифи повторно е на сцена и на цена. Нејзината приказна, многу добро позната и стара изветвена, е во стилот, ако најголемата албанска партија – ДУИ – биде оставена во опозиција, не е рационално. Притоа заборави да објасни каква е таа рационалност кога најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, ќе освои најмногу гласови и мандати и на срамен и криминален начин ќе биде втурната во опозиција? Обична рационалност е тоа? Посебен вид на рационалност? Еве и после четири години нема одговор.
Теута Арифи не гледа партнер во ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ е за континуитет на досегашните политики. Кои политики? Какви политики? За неа реалните бројки, реалните можности и реалните перспективи – се основи на кои ДУИ ќе разговарала за состав на влада. Евтин политички блеф. Трик кој поминува, или пак не? Или пак креативни, добри решенија за сите, според плановите на Теута, заверено со печатот на ДУИ, како што и самата вели.

Браво Теута! Просто воодушевуваш. Стратешки размислуваш (за ДУИ), а локално дејствуваш (најдобро знаеш за кого).
И тука некаде влетува Апасиев (за многумина ноќна мора): “СДСМ во моментов купува 5 пратеници“. Аман од тој Апасиев. Што измислува глупости? Па СДСМ е најчесна партија. Заев е најчесен политичар на целиот свет. Апасиев те молам језик за зубе. – Во име на коалиционата (лажна) романса. – Чисто онака, да видиме до каде ќе одат.
Дечки од ВМРО-ДПМНЕ, го слушате ли, го гледате ли, вие сето ова? После четири години пак ја активираа и ви ја пуштаат Теута Арифи да ви држи лекции. Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се под печатот на партијата?
Што не е јасно? Тука и сега. Некои спијат мирно, џоа бебенца. А дали некои други и трети имаат ноќни кошмари, прашање е сега?

Сотир Костов

П.С.
Талат Џафери, примен на Инфективната клиника во Скопје. Не е во прашање ковид – 19, туку пневмонија. Министрите на ДУИ Арбер Адеми и Крешник Бектеши, позитивни на ковид – 19. Стигнуваат ли фактурите по здравјето, од корона изборите кои штотуку завршија?

Latest News

Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада...

Освен премиерската функција, Ахмети ги бара ресорите за внатрешни работи и финансии, УЈП и НБРМ

Покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и...

Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за...

Одредена цената на руската вaкцина, се очекува и поевтинување со зголемување на побарувачката

Цената на руската вакцина пpoтив кopонавирус за меѓународниот пазар првично ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на...

Над 800 лица починaлe откако пиеле средства за чистење како лeк за кopонавирус

Поради дeзинформации поврзани со новиот koронавирус во светот починaa најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и...

More Articles Like This