СДСМ СО УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Советот на Европа со критики до владата за медиумската слобода во Македонија!

  • August 14, 2018
  • Коментари

Македонија e обвинета за ограничување на слободата на медиумите од страна на меѓународни и домашни регулаторни тела кои ја обвинуваат владата дека спроведува законски измени, што дополнително ќе наштетат на слободата на печатот и ќе го нарушат медиумскиот пазар во Македонија.

Македонската влада ја искористија турбуленцијата околу претстојниот референдум за името, за повторно да се воведе рекламирање финансирано од државата, кое беше прекинато пред неколку години и да воведе контрола за онлајн-медиумите – потезите за кои регулаторните тела иновинарите велат дека ќе ја запрат слободата на медиумите и ќе ги нарушат медиумскиот пазар.

Парламентот ги усвои овие одредби, кои сега се дел од Изборниот законик, на 25 јули, откако четири главни политички партии во земјата се согласија за тоа како дел од нивните разговори за претстојниот референдум за промена на името.

“Амандманите овозможуваат мешање на јавните власти во слободата на мислење и примање и пренесување на информации и идеи за време на изборните кампањи и мешање во нивната уредничка независност”, велат од Европската Федерација на Новинари.

 

На 9 август платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството, исто така из

 

даде предупредување до македонскиот парламент за законските одредби.

Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, , Македонскиот совет за медиумска етика, , па дури и државната Аудио и аудиовизуелна агенција , ги критикуваше промените.

Друг спор со измената на Изборниот законик ја овластува Државната изборна комисија да регистрира и да го следи онлајн медиумското известување за изборите. Покрај тоа, членот 181а од законот предвидува казни во износ од 4.000 евра на традиционалните и онлајн-медиумите, ако тие се прогласени за виновни за “неурамнотежено или непристрасно пренесување”.

Ова е првпат Изборната комисија да има задача да врши мониторинг на медиумското известување.

Претходно, АВМУ го следеше и казнуваше медиумите за пристрасно пренесување, но се откажа од оваа практика за време на локалните избори минатата година, велејќи дека практиката е погрешна и не е во согласност со европските стандарди.

Пред да дојде на власт, социјалдемократите ветија дека ќе ги почитуваат мислењата на медиумските регулатори и професионалци, кои во најголем дел се против строга регулација на медиумската сфера, инсистирајќи на тоа дека саморегулирањето во комбинација со владината политика на немешање е подобро.

Претходно «
Следно »