СДСМ ФАТЕНИ НА ДЕЛО СО СПИСОЦИ КАКО ГО ПАРТИЗИРААТ ЕЛЕМ: Во ЕЛЕМ има вработено над 40 луѓе според партиски списоци, изгласани на партиски состаноци

  • June 6, 2018

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека Зоран Заев тргува со највисоките државни и национални интереси, зад очите на јавноста СДСМ брутално ја партизира Република Македонија. Портпаролот на партијата Димче Арсовски вели дека списоци изготвени по кафеани станаа основниот критериум за државно вработување, а сето тоа го плаќаат граѓаните.

-На партиските вработувања на СДСМ им нема крај. СДСМ бесрамно го спроведува планот за партизација на државните институции. Нашите информации говорат дека СДСМ во државната институција ЕЛЕМ, во подрачната РЕК Осломеј, има вработено над 40 луѓе според партиски списоци, изгласани на партиски состаноци. Списоците од партискиот состанок можете да ги видите на Екранот позади мене. Се работи за луѓе кои што се членови на СДСМ од Кичево и околните места, на кои им било ветено во предизборието дека веднаш по доаѓањето на власт ќе бидат вработени во РЕК Осломеј. Како што може да се забележи, состанокот е одржан на 07 април оваа година во присуство на раководството на ОО СДСМ од Кичево во партиските простории, изјави Арсовски.

Арсовски вели дека е очигледно е дека се вработуваат само луѓе со партиска книшка од СДСМ, не гледајќи на образование, искуството, професионалноста, СДСМ грубо ја партизира државната администрација.

-Ги прашуваме СДСМ, колку точно луѓе од партиските списоци на СДСМ се вработени во РЕК Осломеј изминативе 2 месеци? Дали 46 луѓе од овие списоци веќе го наплаќаат предизборниот ангажман од парите на граѓаните? Колкави плати земаат партиските војници на СДСМ од грбот на граѓаните? За ова ли Заев и СДСМ ги чистеа институциите од чистачка до министер? Сите овие партиски војници што се вработуваат директно преку партиските штабови на СДСМ паѓаат на грбот на граѓаните. Граѓаните ги плаќаат сите партиски војници на кои што им должи било какви услуги Зоран Заев од предизборието, изјави Арсовски.

Арсовски вели дека наместо 500 евра плата за сите граѓани, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист.

-Наместо 100.000 денари плата за докторите, СДСМ вработува партиски војници од штабовите на СДСМ. Народот не е должен да ги плаќа извршителите, војниците и послушниците на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава. Ова е огромен скандал. СДСМ бескурпулозно ја заробува државата со партиски војници. Ова лудило мора да престане, а овој криминален картел мора да падне и да се разбие, изјави Арсовски.

Претходно «
Следно »