СДСМ ЈА ЗАГУБИ ОДЛУЧУВАЧКАТА БИТКА: Народот им кажа НЕ на двојазичноста и федерализацијата што ја крои СДСМ!

Поврзано

Загарантиран oткyп и навремена исплата на земјоделските производи, нема да дозволиме никој да им го јаде тpyдoт и мaкaтa на земјоделецот

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4 Александар Николоски, денеска на последниот ден од изборната...

(Видео) Ќе работиме со двојно повеќе cили за да ги средиме состојбите, да oбeзбeдиме обнова во секоја света во општеството

Математично прецизно ќе стигнеме до целта, развиена држава со луѓе кои имаат повеќе можности, повисок стандард и повеќе пари....

(Видео) Ќе oбeзбeдимe плус 50 проценти на плата на сите здравствени работници како награда за трудот и пoжpтвувaноcтa во cпрaвувaње со кoрoнaвиpycот

Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, што туку завршивме со трибината со здравствени работници,...

Ниту Сорос, ниту албанските радикали, ниту екстремистите од Беса и оние инфилтрирани во високото раководство на СДСМ не успеаја да му ја протнат на овој народ евтината приказна за подобар живот во Македонија, кој скапо ќе го плати со поделба на земјата. По скопскиот митинг на коалицијата предводена од СДСМ, што се одржа вечерва пред Владата на РМ, јасно е дека погубната битка на предавниците на Македонија заврши погубно за нив самите.juzen_front-610x400

Ниту автобусите од Струмица и Куманово, и целата администрација од Струмица, Куманово и Центар не го пополнија срамот од фијаското на решавачкиот митинг.

Македонците не се подготвени да им ги предадат без борба земјата и иднината на своите поколенија на предавниците од дувлото на „Бихаќка“, а тоа го покажаа и вечерва, така што не се одѕваа и не дојдоа на митингот пред Владата.

Народот препознава дека зад „Планот за живот во Македонија“ се крие „план за двојазичност и федерализација на Македонија“. Затоа беше десеткуван бројот на граѓани присустни на митингот вечерва во споредба со митингот што го одржа СДСМ лани на 17 мај.

Организаторот дал се од себе за да го сокрие срамот, па бината беше поместена неколку метри понапред за разлика од лани во мај, а и празниот простор од бината до првиот ред во публиката беше зголемен за да ги истурка граѓаните колку што е можно поназад и да изгледа пополно. Празнината и малиот одѕив зборуваат за незадоволството од разнебитувачките политики на СДСМ.

avtobusi_sdsm
Празнините на „Илинденска“ СДСМ се обиде да го сокрие и со помош на осветлувањето, па осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен, па и на панорамските фотографии, само неколку што ги објавија функционерите на партијата се гледа еднен голем мрак.

sdsm-miting-skopje-4-12-2016-520x181
Очигледна е и нервозата на раководството на СДСМ кои незадоволни од посетеноста демонстрираат паника и се трудат со гласни извици и досетки да го прикријат своето незадоволство.

Ниту притисоците кои СДСМ ги правеше врз вработените во општините Струмица и Куманово каде што ја имаат локалната власт и автобусите од внатрешноста не придонесоа за значителна посетеност на која се надеваа во СДСМ.

zaev_zname_siptarsko_miting
Албанските знамиња и вечерва се вееја повисоко од македонските. Се пееше на албански, а имаше и транспаренти „Арачиново е со тебе“ и слични што е на линија на заложбите на Заев за воведување на двојазичност и редефинирање на државата.

СДСМ и нивните стратези веќе долго заговараат двојазичност и промена на Устав, а причината за ваквите антидржавни политики е надежта дека ќе добијат поддршка од албанскиот електорат. Кокетираат и ги продаваат државните интереси, за столче во Собрание и шеф на Влада.

Човекот кој цели да стане премиер на Република Македонија, лидерот на опозицијата Зоран Заев, бесрамно и јавно го претстави она што е напишано во нивната изборна програма. Идејата за федерализација и двојазичност сега доби и пишана предизборна рамка, во изборната програма на СДСМ „План за живот во Македонија“.

„Планот за живот во Македонија“ инаку предвидува федерализација и двојазичност, па истиот може и слободно да се преименува во „План за живот во федерална и двојазична Македонија“.

sdsm-programa-1-640x467-520x379
Заев на митинзите ја промовира токму оваа програма и план за разнебитување на Македонија.

Актуелно

Нуклеарна бomба: Заев зема peкет од 6 милиони евра!

Нова аудио снимка се појави на Јутуб на која се слуша гласот екс премиерот Зоран Заев. Снимката се појави...

ДАЛИ НЕРВОЗАТА КАЈ СДСМ Е СЕ ПОГОЛЕМА : Инцидент на собирот на СДСМ во радовишко Дедино каде реагирало обезбедувањето на Зоран Заев!

После пазарот во Тетово, Заев доживеал слична судбина и на собирот во општина Конче. Таму лично се обратил претседателот на СДСМ Зоран Заев и имало...

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива Паланка. Следете го во живо...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

Повеќе вести