СДС ВАДИ КРИМИНАЛЦИ ОД ЗАТВОР ЗА ДА ГИ КОРИСТАТ ВО ИЗБОРИТЕ: Груевски од Кавадарци најави голема изборна победа и покрај неправилностите!

Поврзано

ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: Македонија со најлоши бројки по број на заразени и починати во регионот

Mакедонија има убедливо најлоши резултати во справувањето со корона вирусот. Податоците од „Worldmeter“, нашите бројки се најлоши ако се...

ПЛАГИЈАТОРИ: Владата на СДСМ ја „позајмила“ фразата НОВА НОРМАЛНОСТ од менторот Сорос

Веројатно се прашувавте кој на СДСМ им ја смисли нелогичната фраза НОВА НОРМАЛНОСТ, која треба да го убеди народот...

ЈСП: Од петок повторно бесплатен превоз за пензионерите

Од петок, 28 мај, продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица и тоа за...

Ја следиме кампањата на нашиот политики опоненет и можеме да забележиме дека повторно имаат купишта лажни ветувања исто како минатата година, ќе ви ветат се што сакате да чуете, а за исполнување „аврио“. Навреди, омаловажувања колку што може да направат, гнев и омраза. Третиот елемент во нивната кампања е оној во кој зборуваат дека ќе донеле живот за сите, како ние тука да не сме живи, ќе донеле воздух, енергија. Слушаме постојано апстрактни поими, демагогии, а ништо конкретно и реално, истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Кавадарци.

-Гледаме дека во овој период пред почетокот на кампањата колку што можеа извадија од затворите криминалци, заради изборни цели, за да ги искористат во изборите. Македонија четири месеци живее во помрачување. Имаме нова власт која на секој чекор применува незаконско и насилничко работење и не се кријат во тоа. Се чувствуваат осилени, не од народот бидејќи тие знаат дека народот не ги донесе на власт. Знаеме сите кој ги донесе на власт, затоа мислат дека може се да прават. На 15-ти октомври овој народ ќе им покаже дали треба да се осилени или исплашени, посочи Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека она што во изминативе четири месеци може да се забележи е директното одење против волјата на народот.

-Мнозинството народ гласаше за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тоа одење против волјата на народот се гледа во многу елементи. На пример, договорот со Бугарија. Ние сакавме да има договор со Бугарија и во најголем дел го бевме договориле освен во неколку значајни делови, во делот на јазикот, историјата и во делот кој е значаен за македонското малцинство во Бугарија. Тие, без никакви преговори отидоа и прифатија се, редефинирање на историјата и при секое отворање поглавје во иднина со ЕУ, ќе треба да смениме по некој учебник да напишеме дека Гоце Делчев бил Бугарин, дека на 11 Октомври имало граѓанска војна помеѓу бугарското население во Македонија, дека Илинден било бугарско востание. Прифатија без преговори и се пофалија дека многу брзо ги решиле спорните прашања со Бугарија. Па, кој не знае да ги реши така? Прифати се што е на штета на твојата држава и си го решил проблемот. Кој им го дал тоа право? Дали кажаа пред изборите дека на таков начин ќе ги решат отворените прашања со Бугарија, дали добија дозвола од народот на Македонија? Не добија, но го прават тоа затоа што не го почитуваат народот, не го почитуваат неговото мислење, затоа што одат директно спротивно на волјата на народот, вели Груевски.

Груевски рече дека при неодамнешната средба која ја имал со министерот за надворешни работи на Грција Коѕиас за време на неговата посета во Македонија, тој му кажал дека би сакал проблемот со Грција, Македонија да го реши исто како со Бугарија.

-Тоа што следува по локалните избори е на таков начин да се реши и проблемот со Грција, да се прифати се што Грција бара од Македонија. Нити сте дале согласност за тоа, нити некој ве прашал. Не само што одат спротивно на волјата на народот, туку се обидуваат да протнат неуставни закони за теми за кои пред изборите ветуваа дека нема да ги прават, а најмалку дека ќе ги прават спротивно на Уставот, нагласи Груевски.

Актуелно

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

Повеќе вести