October 27, 2021, 10:42 am

СДС ВОДИ ПОГРЕШНА ПОЛИТИКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ: СДСМ во овие четири месеци води тотално погрешна политика и донесе целосно замрачување на економијата во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од пуста омраза и грев и инает кон ВМРО-ДПМНЕ ги запреа сите крупни градежни работи во државата, се испуштаат илјадници работници од градежните компании, а со тоа СДСМ сака да покаже дека ВМРО-ДПМНЕ не ги правело сите овие градежни активности кои ќе ги заврши СДСМ после две, три години и да кажат дека тие ги направиле овие проекти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од митингот во Струга.

-Ја запреа цела економија и немаат план како повторно да ја придвижат, една од најопасните работи кои што ја кажаа јавно и која следува е зголемувањето на даноците. Тие објавија зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка, придонесите за здравство како и за пензиско осигурување, а ова е директен удар врз џебот на граѓаните, бидејќи бруто платите ќе ви останат исти, но нето платата ќе се намали затоа што еден дел ќе оди за персоналниот данок на доход, пензискиот фонт како и здравствениот фонд. Плус со поголеми даноци тие ќе извлечат поголеми даноци од профитите на компаниите и наместо да им ги остават парите и со тие пари да отвораат нови работни места и да отвораат нови фабрики, истакна Груевски.

Тој вели дека ова е тотално погрешна политика и целосно замрачување на економијата во Македонија.

-Да не зборуваме што им направија на земјоделците по изборите, не пред изборите. Тие им ветија дека од година натаму секој земјоделец што немало да има поголем принос од претходната година немало да добива субвенции, а некогаш и временските услови влијаат за лош принос и не е фер да се извисат земјоделците и ако се даваат субвенции нека се дадат за сите земјоделци, ако сакаш да правиш други правила прави ги логички и мудро. Ова се само дел од работите кои што ги дознаваме сега после четири месеци помрачување, потенцираше Груевски.

Latest News

(Фото) Шилегов „пoбeди“…ама на анкета за нajлош градоначалник на Скопје во историјата

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов се „закити“ со уште еден удар за неговата кампања по поразот во првиот...

More Articles Like This