СДС ВРШИ РЕКЕТ ПО ФИРМИ, АКО НЕ ПЛАТАТ ИМ ПРАВАТ ПРОТЕСТИ: Денес, во Карпош протестира СДС поради наводна „урбанизација“ на општината!

  • July 5, 2017

Вечерва, СДС затскриена зад некоја наводна невладина организација на улиците во Карпош, маршира

Собрани од цело Скопје, околу 150 партиски активисти маршираат поради наводната урбанизација на општината. Рутата на маршевите на малата група партиски активисти се движи пред оние згради, како што велат инвестиотрите, од каде што немаат земено рекет. Како што тврдат некои од сопствениците, односно, инвеститорите, овие луѓе најпрво одат и им бараат рекет, па откако нема да дадат протестираат пред нивните згради.

Дека ова е вистина,  укажува и фактот што, како што велат познавачи на приликите, оние фирми што веќе дале пари во СДСМ пред нивните згради нема протести.

Граѓаните на Карпош ги загрижува тоа што владеачката СДС нема проекти и визија за развој за општината. Во исто време знаат дека се што е направено изминатите години, и најголем подем Карпош доби токму со градоначалникот Јакимовски. Граѓаните од одделни месни заедници не можат ниту да се сетат, на било каква инвестиција или проект, изработен од градоначалник од редовите на СДС.

Кога Андреј Петров и Сашо Кузмановски ја водеа општината, главна преокупација им беше шетањето по странство и претстојот по кафеаните низ општината.

Претходно «
Следно »